Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
bgmk010-1024x683

Вториот противник на Македонија во групната фаза на Европското првенство 2026 во Софија е репрезентацијата на Украина. Нашите одбојкари, во овие мигови во арената „8888“ во Софија првпат ќе играат со Украинците на едно континентално натпреварување, во дуел од 2. коло од групната фаза.

Украина во групата Б е еден од фаворитите заедно со Полска и Бугарија, а причината за тоа е нивниот одличен настап во Лигата на нации летово, каде стигнаа до четвртфиналето. На ЕвроВолеј 2026 се пласираа директно, како осморангирана селекција на ЕП 2023. Украина се натпреваруваше и на СП 2025, но учеството го заврши во групната фаза.

Олех Плотницки е првата ѕвезда во тимот, но Васил Тупчи беше најдобриот поентер на Украина во ВНЛ со 168 поени, додека Дмитро Јанчук беше најдобар сервер со 23 ас сервиси. Украина настапот во групата Б го започна вчера со тежок меч против Израел кој успеја да го добие по повеќе од два часа игра со 3:1 во сетови.

„Украина е уште еден од фаворитите во нашата групна, репрезентација која е меѓу топ-10 во светот. Таа е составена од многу ѕвезди, предводени од најголема ѕвезда Плотницки, кој има многу силен сервис. Анализите се направени, направени се и последните подготовки и рецептот треба да биде ист како против Бугарија. Да ја играме нашата игра, да не се оптоваруваме со името на противникот, тоа ќе ни овозможи еден добар натпревар, кој го очекуваме сите“ – истакнува селекторот Јошко Миленкоски.

Низ историјата Македонија и Украина се соочувале повеќепати. Македонија има само една победа против овој противник, додека петпати сме загубиле. Последно екипите се сретнаа во Златната Европска лига во 2023 година, кога Украина запиша две максимални победи. Претходно двата тима имаат играно во квалификациите за ЕП 2018, кога Македонија имаше предност од 2:0, но го загуби мечот 3:2 во Скопје, а потоа загуби и со 3:1 на гости. Во Европската лига 2017 исто така Украинците славеа со 3:1 во меѓусебниот дуел. Македонија ја победила Украина со 3:0 во Скопје, во квалификациите за Светското првенство, во мај 2013 година.

Селектор Јошко Миленкоски и селекторот на Украина, Раул Лозано, се имаат сретнато и претходно, кога нашиот стратег ја предводеше Турција со која настапуваше во Светската лига 2017. Тогаш Турција со 3:2 победи на домашен терен, додека со 3:0 загуби на гости.

Македонскиот стратег Јошко Миленкоски денеска го слави својот 66. роденден и во првпат ќе води натпревар на роденден на еден континентален собир. Интересен податок е дека Миленкоски заедно со селекторот на Украина, Раул Лозано (70 години) се двајцата највозрасни тренери на годинешното издание на Европското првенство.

Continue Reading

Претходно: ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана
Следно: Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Поврзани вести

bashkimi-3-1536x1058
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

Димитар Петковски 12/10/2026 19:29
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово bashkimi-3-1536x1058 1
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

12/10/2026 19:29
МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 2
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 3
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 5
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-3-1536x1058
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

Димитар Петковски 12/10/2026 19:29
image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани