Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Еден конгрес го дели македонскиот гулаб-вртач да биде регистриран и признат како автохтон

Шеталиште 03/01/2026 09:12
Screenshot 2026-01-03 at 10.10.30

Ристо ТАСЕВ

Учество на еден конгрес го дели македонскиот гулаб-вртач за да биде запишан во регистарот на Европскиот сојуз на одгледувачи на птици и ситни животни како автохтона птица, вели Тодор Маџаров, претседател на Здружението „Македонски вртач“ од Струмица и долгогодишен одгледувач на овој вид гулаби, но и други птици и животни.

-Битката за регистрирање на нашиот гулаб и запишување во регистарот на Европскиот сојуз трае долги години. На еден од конгресите успеавме да учествуваме и го презентиравме нашиот гулаб. Но, потребно е да се учествува и на други конгреси, а немавме пари. Пропуштивме неколку конгреси и заради тоа се уште сме стасус кво, раскажува Маџаров.

Додава дека за успешно признавање потребно е покрај него на конгресот да учествува и претставник на државата, а како што вели досега сам ги финансирал патувањата и потребните такси, но, последните неколку години не може бидејќи го стасала староста и не е финансиски моќен.

Иако на прв поглед изгледа апсурдно, но повеќе од десетина години трае сагата на македонскиот гулаб-вртач да биде признат како автохтона птица. Маџаров со своите 77 години се уште е витален и секој ден се дружи со своите миленици, но апелира државата и некој помлад да продолжи со благородната мисија македонскиот автохтон гулаб-вртач да биде признат за да не го присвојуваат соседите. Тврди дека македонскиот вртач може само така да се нарекува, а не и дунек, бидејќи тоа е турско име за гулабот.

-За мене е најболно што гулабот е признат дека е автохтона македонска птица, па дури дека е со потекло од Струмица, но не е регистриран и затоа секој го краде. Исто како што ајварот стана словенски, а шарпланинецот српски. Сето тоа е заради наша неорганизираност, па дури би додал и од завист зошто друг да го направи тоа, а не јас, со тага објаснува Тодор.

Во неговиот двор, каде е сместен гулабарникот, но и кафези за одгледување на зајаци, украсни патки, папагали, австралиски врапчиња, пауни и украсни гулаби имате чувство како да сте во делот за птици од зоолошка градина. Со многу љубов и посветеност Маџаров ги одгледува овие животни и секој ден го сонува сонот кога македонскиот вртач ќе биде признат како автохтона македонска раса.

-Битката за признавање на нашиот гулаб трае уште од крајот на 80-те години на минатиот век, кога во Скопје се формираше првиот клуб, а потоа формиравме и во Струмица. Тогаш клубовите се регистрираа во полицијата, но оттаму бевме буквално избркани и дури се подбиваа со нас. По неколку години го формиравме клубот „Гулаб Струмица“ во 1993 година и прво што требаше да направиме беше да набавиме прстени (алки) за гулабите за да учествуваме со нив на изложби надвор од земјава, бидејќи тие се еден вид пасош на гулабот. Со „вртачите“ се натпреварувавме два пати годишно – на пролет со старите, а на есен со младите гулаби, посочува Маџаров.

Објаснува дека струмичкиот вртач во Србија и во другите држави од поранешната држава стасал по заминувањето на старешините од некогашната ЈНА, кои со себе ги понеле и гулабите кои ги одгледувале додека биле на служба во Струмица. Додава дека голема е разликата меѓу нашиот вртач и останатите.

-Кога се врши оценување на македонскиот вртач најпрво се гледа каков му е кружниот лет над гулабарникот и да достигне висина од 200 до 300 метри и кога ќе се пушти друг гулаб на земјата тој почнува вертикално да паѓа и да се врти околу својата оска. Тоа вртење се оценува. Значи имаме добар лет, имаме кружен лет и имаме примање, па вртење и приземјување во гулабарникот. Бодовите од оценувањето од двајцата судии се собираат и се добива пласманот, објаснува Маџаров, кој и самиот е судија.

Посочува дека вртењето на македонскиот вртач во споредба со другите од соседните држави е сосема различно, бидејќи нашиот се врти при паѓањето, а другите се спуштат како стрели надолу.

Љубовта за одгледување на гулаби ја наследил од неговите предци, па дури вели дека тоа му е аманет од дедо му.

-Во 1913 година, кога дедо ми дошол во Струмица од Кукушката околија, од големото богатсто кое таму го имал и го оставил, со себе ги понел само двата најстари гулаби ставајќи ги во пазувите. Од тие гулаби потекнува нашата семејна љубов кон овие птици, раскажува Тодор.

Жали што нема кој да ја наследи неговата љубов кон гулабите, но и покрај тоа што е веќе во седумдесет и седмата година од животот се надева дека уште долго ќе им се радува на „паѓањата“ на неговите вртачи. Се потсетува и на бројните признанија кои ги има освоени за своите гулаби, но, сепак, најголема награда ќе му биде регистрирањето на македонскиот гулаб-вртач во европските асоцијации.

Според неговите податоци во Струмица има околу педесетина огледувачи на гулаби-вртачи, а во државата вкупниот број на гулаби е неколку десетина илјади. Маџаров има регистрирано и сопствена одгледувачница за гулаби и патки.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Јануарска приказна: Мариовски начин на живот со биено сирење и топлина на родното огниште
Следно: Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични

Поврзани вести

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
20261005093245_big_730x400_9
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Шеталиште 05/10/2026 07:53
foka-jona-780x470
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

Шеталиште 05/10/2026 06:20
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела 36_2026_55931791131282 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

05/10/2026 14:52
„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 2
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 4
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 5
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53

Можеби сте пропуштиле

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани