Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Една година Влада: Рекордно ниво на странски инвестиции, зголемени плати и пензии, четврти по раст на БДП, нови патишта, исплатени субвенции…

Шеталиште 23/06/2025 19:33
IMG_1774

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање по повод една година од работата на Владата вечерва потенцираше дека економијата и борбата за подобар живот биле најглавен фокус и оти е задоволен од постигнатиот раст на БДП во првиот квартал, но оти има простор за уште поголем раст. Посочи дека е обезбеден највисок процент на изградба на патишта од осамостојувањето до денес и најави дека делницата Врбјани-Охрид во должина од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид ќе биде пуштена на 12 јули. Покрај инвестиците од изминатата година, на БМЗ, Костал, Авеста Батери и Енерџи Инжинеерин, Магна Мехатроникс, Шахтерм, наведе дека се работи на најмалку пет нови инвестиции.

– Обезбедивме 500 милиони евра за поддршка на компаниите и за поддршка на општините за реализација на капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните. И тука не ги двоевме. Тоа се сите општини на територијата на државата, без разлика дали таму се градоначалници од редовите на владеачките партии, опзоицијата или некој независен. Во првиот квартал од годинава постигнавме раст на БДП од 3,2 проценти, некој ќе рече мал, некој ќе рече голем, јас би рекол – сум задоволен, но не конечно задоволен, сепак има простор за уште поголем раст, но тоа сепак не става на 4-то место во Европа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, рече Мицкоски.

Постигнавме, посочи премиерот, рекордно историско најголемо ниво на странски инвестиции од милијарда и 255 милиони евра, што значи дека имаме најголем број на странски инвестиции по глава на жител во овој дел на Европа.

Мицкоски потенцираше дека првпат по седум години намален е јавниот долг и оти заклучно со март 2025 година има намалување од 4,7 процентни поени во однос на БДП.

– Платите растат и обезбедивме повисоки плати во администрација, здравство, образование, полиција. Буџетскиот дефицит го намаливме за 4 проценти од БДП. Целосно ја отплативме Еврообврзницата издадена во 2018 година, во износ од 500 милиони евра. Ја намаливме царината за 67 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија и обезбедивме целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД како наш стратешки партнер, рече Мицкоски,

Според него, актуелната Влада во инфраструрата обезбедила највисок процент на изградба на патишта од осамостојувањето до денес.

– Склучивме договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство врз основа на кој подоцна се остварува и економска соработка под поволни услови за изградба на брза пруга на Коридор 10 и изградба на болници, аво скора иднина разговараме и за изгртадба на енергетски проекти кои се од капитално значење за иднинатата на државата. За само една година обезбедивме градба на 225 инфраструктурни проекти во прва фаза во висина од речиси 3 милијарди денари и 615 инфраструктурни проекти во втора фаза во висина од речиси 7 милијарди денари. Започнавме со изградба на автопатот Тетово -Гостивар во должина од 17,5 километри, со изградба на автопатот Гостивар – Кичево (Букојчани) во должина од 30,3 километри како и изградба на автопатска делница Прилеп-Битола во должина од 39,3 километри. Ја пуштивме во употреба делница Градско – Дреново од експресниот пат Градско-Прилеп во вредност од 37,4 милиони евра и должина 15,5 км. Го пуштивме во употреба експресниот пат (Страцин) Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,4 километри, во вредност од околу 98 милиони евра. Целосно го реконструиравме регионалниот пат Охрид (Коњско) – Свети Наум во должина од 24,5 километри и вредност 11.6 милиони евра. Ја пуштивме во употреба пругата на Коридор 8, Куманово-Бељаковце во вредност од 43 милиони евра и во должина од 31 километар. Од нула функционални локомотиви за само три месеци од мандатот 11 ставивме во употреба и обезбедивме нормализација на железничкиот сообраќај, рече премиерот.

Дополни дека се воведени 11 нови авиолинии од двата аеродрома и се обезбедени 360 милиони денари финансиска поддршка, дека се доделени над 100 социјални станови во Велес, Кочани, Струмица и Гевгелија.

Како што наведе, интензивно се гради и во завршна фаза е автопатот Кичево Охрид (делница Врбјани Охрид) во должина од 40 километри и веќе пуштањето е закажано на 12 јули.

 

– Започнавме постапка за избор на трет мобилен оператор со што ќе се отворат нови работни места и ќе донесе конкуренција на пазарот за пониски услуги за граѓаните. Во тек е набавка на 120 нови и модерни автобуси. Притоа се бориме за секое ново отворено работно место. Донесовме Оперативен план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, со рекордна вредност од 2,5 милијарди денари или 40 милиони евра. Оперативниот план опфаќа над 16.000 граѓани и фокус на истиот се младите и невработените. Направивме скалесто ограничување на маржи за 102 групи производи. Спроведовме акции против инфлацијата како Помалку трошоци, повеќе за тебе и Есенска потрошувачка кошничка“  каде за 10 проценти ограничувме маржи за 73 производи, рече премиерот Мицкоски.

Ги наброја инвестиците од изминатата година, на БМЗ, Костал, Авеста Батери и Енерџи Инжинеерин, Магна Мехатроникс, Шахтерм, и рече дека се работи на најмалку пет нови инвестиции.

– Инвестиција на БМЗ од Германија за производство на литиум јонски батериии во износ од 65 милиони евра и 700 вработувања. Проширување на инвестицијата на Костал од Германија за производство на автомобилска електроника во износ од 50 милиони евра и 250 нови вработувања. Ивестиција на Авеста Батери и Енерџи Инжинееринг од Белгија за производство на батерии во износ од 10 милиони евра и 200 вработувања. Инвестиција на Магна Мехатроникс од Канада за производство на компоненти за авто индустрија од 40 милиони евра и 600 вработувања.  Инвестиција на Шахтерм од Турција за производство на делови за бела техника во износ од 25 милиони евра и 200 вработувања  Воедно работиме и на најмалку пет нови инвестиции, рече Мицкоски.

Во резултатите  на Владата наведе и дека се зголемени пензиите на над 300 илјади пенионери за шест илјади денари, а во делот на детската заштита- на над 15 градинки им се издадени решенија за дејност и почеток со работа, или им е обезбедена кадровска екипираност. – Проширен капацитет за околу 1500 деца. Во тек се изградби,доградби, опремувања на 11 градинки кои се очекува да се отворат во 2025. Со отворањето на овие објекти, капацитетот ќе се зголеми за над 1100 деца, најави премиерот.

Осврнувајќи се на енергетиката, посочи дека е донесен нов Закон за енергетика и оти во новиот Акциски план(2025) на Еусаир Стратегијата се вградени два гасни проекти со соседна Грција и Србија кои беа подржани од страна на Европската Комисија. – Гасен интерконектор со Грција и Проект за интерконекција со Србија. Пуштен е во работа новиот 400/110 kv трансформатор во ТС Битола 2. Се работи на Втора фаза – ветерен парк Богданци. Вкупно, над 22.000 домаќинства ќе добијат посигурно и одржливо снабдување со електрична енергија. Вкупната финансиска рамка изнесува 37,6 милиони евра, наведе премиерот.

Во делот на земјоделието, како што рече, во период од 12 месеци исплатени се заостанати субвенции и редовни исплати на земјоделците во износ од над девет милијарди денари.

– Склучени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2.700 ха. Откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, се зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм. Прв пат постигнати се највисоки откупни цени за двете најзастапени вински сорти грозје Вранец и Смедеревка, рече Мицкоски, кој се осврна и на постигнувањата во сработеното во здравството, образованието, одбраната, културата…

Continue Reading

Претходно: Вториот блок на РЕК Битола вклучен во електродистрибутивната мрежа
Следно: Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија – потреси и минатата недела во Охридско-Струшкиот регион

Поврзани вести

9
  • Македонија

Се возобнови прилепскиот дувачки оркестар со поддршка на Општина Прилеп

Шеталиште 06/02/2026 13:04
20260205184214_big_730x400_52
  • Македонија

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД

Шеталиште 06/02/2026 08:03
image-245886
  • Македонија

Денеска се празнува Преподобна Ксенија – Од нејзините мошти многумина болни добија исцеление

Шеталиште 06/02/2026 08:01
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Љубиша Јованоски именуван за нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп FB_IMG_1770400485502 1
  • Прилеп инфо

Љубиша Јованоски именуван за нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

06/02/2026 17:55
Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите 20260206132715_big_730x400_91 2
  • Економија

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите

06/02/2026 14:02
Се возобнови прилепскиот дувачки оркестар со поддршка на Општина Прилеп 9 3
  • Македонија

Се возобнови прилепскиот дувачки оркестар со поддршка на Општина Прилеп

06/02/2026 13:04
На 6. февруари во 1945 година во Битола е одржан првиот наставен час на современ македонски јазик 00000001-497-660x458 4
  • Битола инфо

На 6. февруари во 1945 година во Битола е одржан првиот наставен час на современ македонски јазик

06/02/2026 08:05
Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД 20260205184214_big_730x400_52 5
  • Македонија

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД

06/02/2026 08:03

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1770400485502
  • Прилеп инфо

Љубиша Јованоски именуван за нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

Шеталиште 06/02/2026 17:55
20260206132715_big_730x400_91
  • Економија

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите

Шеталиште 06/02/2026 14:02
9
  • Македонија

Се возобнови прилепскиот дувачки оркестар со поддршка на Општина Прилеп

Шеталиште 06/02/2026 13:04
IMG_0381
  • Настани

Сефедин Бајрамов со концертот „Прстен за неа“ на 12 февруари во Битола

Шеталиште 06/02/2026 11:17

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани