Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Една сцена, звук на светот – 15. Фестивал на музика од светот

admin 21/11/2023 00:00
received_317825074441170

Сцената е поставена, а прес конференцијата беше финална најава за стартот на 15. издание на фестивалот кој ќе го слави жанрот “world music” од 23 до 25 ноември во Битола.

Домаќин на фестивалот е НУ Центар за култура, а на средбата со новинарите беше даден примамлив поглед на програмата на фестивалот, поканувајќи ја публиката да биде дел во прославата на глобалната музика.

„Додека броиме пар денови до стартот на ова јубилејно издание, сакам да се вратам наназад и на сите славни имиња кои стапнале на сцената на Центарот за култура. А таа листа е навистина неверојатна и е доказ за каков музички настан се работи и како овој Фестивал на музиката од светот стана составен дел не само од битолското културно ткиво, туку е важен и за публика од нашата земја и надвор од нејзините граници. Гостувањето на Лајбах, кој доаѓа во Битола во рамките на нивната официјална европска турнеја привлече публика и од соседните држави и тоа е за мене доказ дека можеме и повеќе„ – истакна Маја Андоновска-Илијевски на прес конференцијата.

Оваа година, под звучниот слоган „Една сцена, звук на светот“, конципирана е програма од страна на селекторот Владимир Димовски која е доказ за различноста на човековото изразување преку музиката, со уметници кои доаѓаат од различни страни и кои се собираат во Битола за да ги споделат своите уникатни музички приказни.

„Посебно сум воодушевена што сум сведок на зближувањето на соработките, па така оваа година во ОФФ програмата имаме партнерство со Europe House Битола и со Олабај, како поддршка на нашите намери да го шириме фестивалот” – истакна Андоновска-Илијевски.

„Олабај постои да ја поврзи меѓународната програма на фестивалите со локалната сцена. Па така ги надополнувавме програмите на дел од меѓународните фестивали во Битола. Така, во овој фестивалски проект ја организираме промоција на првиот самостоен албум на Горан Таневски – Асценд.

Без сомнение Горан Таневски е една од најмаркантните личности на македонската музичка алтернативна сцена. Eден интересен податок би сакала да споделам со Вас, токму Горан Таневски како концертен промотор за прв пат ја доведува словенечката група Laibach во Македонија. Тоа се случи пред добри 30 години, а годинава тие заедно ќе ја делат сцената на Фестивалот на музика од светот во Битола. Со тоа слоганот Една сцена, звук на светот добива вистинско значење„ – изјави Маја Ангеловска од Олабај.

Креирање и поддржување на настани од областа на културата кои се важен фактор за децентрализација на културата и анимирање на младата публика во Битола се фокус на Europe House Bitola, па оттука и нивната поддршка.

„Ако музика од светот е пулсот, нашите локални изведувачи се гласот и јадрото на културниот бран кој непрекинато треба да се шири и поддржува.
Под мотото #SupportLocalArtists, ја поддржуваме и ОФФ програмата на ова издание на Фестивалот на музика од светот„ – истакна Иван Дургутовски, координатор за настани на Europe House Bitola – алатка за комуникација на Делегацијата на Европската Унија.

За крај беше упатена благодарност до посветениот тим во Центарот за култура, покровителите, спонзорите и се разбира бројната публиката по која се познати сите настани на Центарот за култура.

 

 

фото | Диоген Хаџи Коста Милевски

Continue Reading

Претходно: Се сеќавате ли на ламбада? Рецепт за оваа легендарна торта која буди носталгија
Следно: Во Битола приведена скопјанка барана со шест потерници за осумипол годишна казна затвор

Поврзани вести

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
FB_IMG_1791174339950
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер го совладаа ТФТ и со победа ја започнаа новата сезона во Суперлигата

Димитар Петковски 05/10/2026 05:45
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела 36_2026_55931791131282 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

05/10/2026 14:52
„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 2
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 4
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 5
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53

Можеби сте пропуштиле

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани