Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Една третина од адолесцентите и една третина од трудниците во земјава се депресивни, вели Клиниката за психијатрија

admin 10/10/2023 00:00
z_depresija-1-960x565-1

Кај една третина од адолесцентите и кај една третина од бремените жени во земјава се јавуваат депресивност и анксиозност, покажаа испитувањата на Клиниката за психијатрија, рече денеска д-р Славица Арсова, професорка на Катедрата за психијатрија на Медицинскиот факултет, на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје.

„Последните податоци покажуваат дека депресијата станува една од главните растројства кои го инвалидизираат човекот, не само кај нас, туку и во светот. Не заостануваме и ние, тука би ги издвоила ранливите групи како деца, адослесценти, бремени жени и повозрасни индивидуи кои имаат некакви нарушувања, телесни или ментални. Бројките од истражаувања беа загрижувачки“, рече д-р Арсова.

Д-р Стефанија Митровска од Клиниката за психијатрија додаде дека една третина од мајките во Македонија за време на бременоста и по породувањето страдаат од симптоми на депресија, додека кај 28 проценти од нив се регистрира анксиозност. Истражувањето на Клиниката е направено после ковид пандемијата.

„Во истражувањето се покажа дека една третина од испитаничките покажуваат клинички релевантни симптоми на депресивност и уште толку се соочуваат со анксиозност. Важно е здравјето на мајката за здрав развој на детето. Ние имаме парола која вели: ‘Здрава мајка, здраво дете, здраво дете, здраво општество’“, рече д-р Митровска.

Таа вели дека во последно време забележува оти очесто се говори на оваа тема во медиумите и социјалните мрежи, но треба и им се укаже на мајките и на тоа како можат да дојдат до помош.

„Ретко кој знае како да побара помош. Ако некоја жена препознава кај себе потешкотии со психичкото здравје ја охрабруваме да се обрати кај матичниот лектр, за да ја упати кај специјалист за натамошна проценка. Исто ги повикуваме сите лекари кои се во контакт со родилки, да ги препознаваат знаците на нарушено психичко здравје и да ги прашаат жените како се чувствуваат. Важно е колетивно да ја градиме поддршката“, рече д-р Митровска.

Психологот Лина Ќостарова-Унковска вчера ги цитираше наодите на меѓународната Студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата од училишна возраст“ во Македонија (ХБСЦМ) za 2022, кои покажуваат дека задоволството од животот кај децата од Македонија, опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побргу отколку кај момчињата.

„Во последните осум години, или низ три истражувачки циклуси резултатите го покажуваат истиот тренд на меѓу-родови и меѓу-возрасни разлики, со високи сличности меѓу 2014 и 2022 година, или годините на политичка и социјална нестабилност и пост-ковид периодот. Тоа укажува на висока чувствителност на децата на општествените случувања и условите во кои живеат, независно дали се работи за социјална, политичка, или здравствена криза и несигурност на заедницата“, објави на својот фејсбук профил Ќостарова-Унковска од Центар за психосоцијална и кризна акција – Малинска (ЦПКА).

Во чест на Светскиот ден на менталното здравје, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска на настан за промоција за прирачник за третман на деца со дијабетес, кажа дека од петок, 13 октомври, ќе почне каммпања за менталното здравје која ќе има за цел да пренесе пораки за подигање на свеста за булингот односни врсничкото насилство.

„В петок почнуваме од Валандово и Струмица заедно со амбасадори, со поддршка на УНИЦЕФ, со извидници со млади, токму од младите за младите да ја подигнеме свеста за врсничкото насилство, за превенција, и за препознавање на насилството. Општина Центар започна веќе со активности. Исто така и други општини започнуваат со активности во училиштата. Министерството за образование ги користи стручните тимови од центрите како поддршка на стручните тимови и училиштата, и верувам дека една од приоритетите во наредниот период, ќе биде токму врсничкото насилство, да ги заштитиме децата“, кажа министерката.

Continue Reading

Претходно: Ерусалим се претвора во „град на духови“
Следно: Времето денеска: Наутро студено, преку ден сончево и топло

Поврзани вести

23ee73d0-6151-40bc-b766-5882e3ae4090
  • Вести
  • Македонија
  • Свет

Македонците од Швајцарија организираа настан „Македонска трпеза“ (Фото)

Димитар Петковски 15/03/2026 22:59
Messenger_creation_FFD46405-F319-4AAE-9B50-E3A1A8F0841F
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Вардар 1961 го победи Е.Пелистер во Битола (Видео)

Димитар Петковски 15/03/2026 21:19
Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Шеталиште 15/03/2026 09:32
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Македонците од Швајцарија организираа настан „Македонска трпеза“ (Фото) 23ee73d0-6151-40bc-b766-5882e3ae4090 1
  • Вести
  • Македонија
  • Свет

Македонците од Швајцарија организираа настан „Македонска трпеза“ (Фото)

15/03/2026 22:59
Вардар 1961 го победи Е.Пелистер во Битола (Видео) Messenger_creation_FFD46405-F319-4AAE-9B50-E3A1A8F0841F 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Вардар 1961 го победи Е.Пелистер во Битола (Видео)

15/03/2026 21:19
УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59 3
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

15/03/2026 09:32
Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност Turska-banja-Prilep 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

15/03/2026 09:31
Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3 30.08.2025 (23 of 37) 5
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

15/03/2026 09:28

Можеби сте пропуштиле

23ee73d0-6151-40bc-b766-5882e3ae4090
  • Вести
  • Македонија
  • Свет

Македонците од Швајцарија организираа настан „Македонска трпеза“ (Фото)

Димитар Петковски 15/03/2026 22:59
Messenger_creation_FFD46405-F319-4AAE-9B50-E3A1A8F0841F
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Вардар 1961 го победи Е.Пелистер во Битола (Видео)

Димитар Петковски 15/03/2026 21:19
rade-siljan
  • Култура
  • Настани

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија

Шеталиште 15/03/2026 09:38
Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Шеталиште 15/03/2026 09:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани