Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Економско-социјалниот совет в понеделник ќе одлучува за висината на минималната плата

admin 10/03/2023 00:00
1-denari-pari-1

Економско-социјалниот совет в понеделник ќе одлучува за висината на минималната плата
Економско-социјалниот совет во понеделник на седница ќе ја носи одлуката за висината на минималната плата, открива во изјава за МИА министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

– Одлуката за висината на минималната плата се носи токму на Економско-социјалниот совет, потоа се објавува во Службен весник, за да може работодавачите да ги усогласат платите кои ќе ги исплатат за март со одлуката, односно со висината на минималната плата, вели Тренчевска во видео изјава дадена во прес-центарот на МИА во Штип.

Во првата половина на годинава се очекува во владина процедура да влезе и новиот закон за работни односи за којшто во тек се средби и дискусии со сите засегнати страни. Досега, како што информира Тренчевска, одржани се 10 дебати за овој закон.

– Продолжуваме понатаму и поединечно со секоја целна група да одржуваме состаноци за да може да дојдеме до најдоброто решение, коешто ќе им одговара и на работодавачите и на работниците и некаде во првата половина на годината да можеме да го пуштиме во владина процедура. Штом завршат сите дебати, ќе седне работната група, којашто е во рамки на Министерството за труд и социјална политика, и ќе ги вклучи сите конструктивни предлози добиени од дебатите. Законот ќе го објави на ЕНЕР, така што ќе можат јавноста, синдикатите, работавачите да даваат дополнителни коментари, за пред да отиде во Влада текстот да биде усогласен и да биде прифатлив и за синдикатите и за работодавачите, рече Тренчовска.

Во однос на паричните надоместоци за правата од социјална и детска заштита, Тренчевска вели дека тие се зголемени.

– Правата од социјална и детска заштита се усогласени, односно се зголемени за 14,2 проценти со исплатата на правата за февруари, односно ги исплативме зголемени на 5 март. Податоците од Државниот завод за статистика излегоа на крајот на јануари. Центрите за социјални работи не беа во можност да изработат нови решенија и затоа со исплатата во март добија зголемување, односно усогласување на правата и за јануари и за февруари, рече Тренчевска.

Прашана за најавеното зголемување на пензиите, Тренчевска вели дека пензионерите ќе ги добијат зголемувањето со исплатата на пензиите во март.

– Како Влада сме насочени кон системски решенија, а системските решенија значат повеќе приходи на сметките и на работниците и на пензионерите. Со исплатата на пензијата за март, којашто следува на крајот од март, сите пензионери ќе добијат зголемување на пензиите за 8,4 проценти. Ако некој зема 14.000 денари пензија ќе добие зголемување за околу 1.200 денари. Значи тој којшто земал 14.000 ќе зема околу 15.200 или 15.180 денари, рече Тренчовска.

Continue Reading

Претходно: Хормонална инјекција која лечи мамурлак
Следно: Торнадо во Франција: „Сè леташе, сè е уништено“

Поврзани вести

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео) FB_IMG_1786179200537 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

08/08/2026 17:45
Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност 2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3 2
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

08/08/2026 12:48
241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 3
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 4
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 5
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
TOM_8493
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:55
Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:23
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани