Престижниот комплекс „Голд Фелициа“ синоќа беше домаќин на еден од највпечатливите музички настани ова лето. Харизматичната Јоана Стрига и виртуозите од Бузуки Бенд приредија спектакуларен настап пред рекорден број посетители.
Пред преполниот капацитет на Голд Фелициа, Јоана Стрига и Бузуки Бенд испорачаа врвен перформанс исполнет со силна емоција и незапирлива динамика. Публиката во еден глас ги следеше најголемите хитови, создавајќи атмосфера која го задржа максимумот до самите утрински часови.
Со беспрекорна техничка реализација, светска аудио-визуелна продукција и врвна услуга, „Голд Фелициа“ уште еднаш ги потврди своите високи стандарди како водечка дестинација за ноќен живот во регионот.
Дел од магична атмосфера погледнете во галеријата во продолжение:










