Пелистер денес ќе го промовира најновото засилување во пролетниот дел од ПМФЛ. Се работи за битолчанецот, Кире Ристевски кој е екс македонски фудбалски репрезентативец и беше дел од селекцијата на ЕП 2020 година и во сениорскиот дрес запиша 57 настапи. Ристевски беше дел и од младинските селекции на Македонија.
Во кариерата покрај беше дел и од: Елбасани, Билис Б., Славија Софија, Тирана, Работнички, Вашаш, Ујпешт, Струга и Македонија ЃП.
Покрај Ристевски до потпис е најблиску и Томче Гроздановски како и неколку играчи кои се на проба од соседна Србија.

