На Европското првенство во Белград, ракометната репрезентација на Македонија до 18 години e поразена од Словенија со 33-30.
Во првиот дел македонските ракометари со добра игра постојано имаа предност и на полувремето, отидоа со 18-12, додека во вториот дел Македонија иако имаше водство од 7 разлика, Словенците направија серија од 6-0 и целосно се вратија во натпреварот, направија пресврт и триумфираа со голови разлика.
Најефикасни во македонскиот состав беа Христијан Вујчевски и Трајче Костов, постигнајќи по шест голови. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски утре се соочи против селекцијата на Франција додека за последен меч е предвиден против Шведска.

