Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ЕСМ: Актуелното раководство на АД ЕСМ нема никаква вина што РЕК Битола во последните пет години стана зависен од увозен јаглен

Шеталиште 26/02/2026 15:46
ESM

АД ЕСМ најостро ги отфрла грубите и тенденциозни шпекулации на партијата „Левица“ во врска со набавката на јаглен за потребите на РЕК Битола. Предметната процедура, впрочем како и сите останати спроведени јавни набавки за време на актуелното раководство, се спроведени во транспарентни постапки и во целосна согласност со позитивните законски прописи, се вели во реакцијата од АД ЕСМ на денешното соопштение на ПП Левица, што МИА ја пренесува интегрално.

Целосна лага е дека АД ЕСМ склучила договор со фирма од Косово. Посочената фирма е основана во Македонија и согласно објавениот оглас, ја приложила целата потребна документација. Не постои ниту еден доказ издаден од надлежна институција дека овој економски оператор основан во земјава има каква било забрана за учество во постапки за јавни набавки, ниту дека е осуден за цитираме: криминал со токсичен мазут. АД ЕСМ нема законско право да елиминира понудувач кој ги исполнува сите критериуми врз основа на партиски соопштенија.

Актуелното раководство на АД ЕСМ нема никаква вина што РЕК Битола во последните пет години стана зависен од увозен јаглен. Ова е директна последица на претходното лошо управување, кога постојните рудници беа девастирани преку експлоатација надвор од сите рударски проекти.

Стихијниот ископ во минатото и нередовното одржување на рударската механизација се главните причини зошто најголемиот домашен комбинат за производство на електрична енергија сè уште е принуден да користи увозен јаглен за да ја одржи стабилноста на енергетскиот систем.

Наместо конструктивна критика, сведоци сме на обиди за дневно-политички профит преку ширење паника кај граѓаните. АД ЕСМ останува фокусиран на санација на штетите во рудниците и консолидација на домашното производство, процеси кои бараат време и стручност, а не популизам.

Апелираме до политичките субјекти да престанат со злоупотреба на енергетскиот сектор за тесни партиски цели. Нашата единствена цел е обезбедување стабилна и евтина електрична енергија, а секоја набавка е подложна на строга контрола од надлежните органи.

И уште еднаш ќе повториме дека зачудува двојниот аршин на „Левица“ во врска со случувањата во енергетиката со оглед дека како опозиција, не реагираа ниту еднаш на катастрофалните политики и потези на претходната власт која го доведе енергетскоит систем до состојба на колапс.

АД ЕСМ

Фото: МИА архива

Извор: МИА

 

Continue Reading

Претходно: Вечер посветена на Тоше Проески: „Засекогаш во срцата“ по осми пат во Битола
Следно: По пет години затвор добија тројца турски државјани, кои помагаа во извршување на убиство во Штип

Поврзани вести

Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Шеталиште 15/03/2026 09:32
Turska-banja-Prilep
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

Шеталиште 15/03/2026 09:31
30.08.2025 (23 of 37)
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

Шеталиште 15/03/2026 09:28
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59 1
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

15/03/2026 09:32
Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност Turska-banja-Prilep 2
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

15/03/2026 09:31
Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3 30.08.2025 (23 of 37) 3
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

15/03/2026 09:28
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози Soobrakjaj 4
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

15/03/2026 09:26
Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд soncevo 5
  • Вести
  • Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

15/03/2026 09:24

Можеби сте пропуштиле

rade-siljan
  • Култура
  • Настани

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија

Шеталиште 15/03/2026 09:38
Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Шеталиште 15/03/2026 09:32
Turska-banja-Prilep
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

Шеталиште 15/03/2026 09:31
30.08.2025 (23 of 37)
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

Шеталиште 15/03/2026 09:28

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани