На вчерашната промоција, се обрати и првиот човек на „зелено-белите“, Зоран Стерјев, кој зборуваше за плановите за следната сезона, а во фокусот беше и ситуацијата со Филип Кузмановски и Дејан Манасков. Притоа тој пред медиумите изјави:
„Ситуацијата со Манасков и Кузмановски е отворена и тоа е така поради нивна страна, клубот им понуди нови договори. На Кузмановски му е понуден двегодишен договор, а на Манасков едногодишен. Водиме преговори, клубот максимално ги почитува и двајцата и во рамките на своите можности правиме сè за тие да бидат тука и наредната сезона. Сепак, на крајот заедно ќе треба да ја донесеме одлуката. Мислам дека ние како клуб направивме многу за нив. Кај нас задоволството е големо од прикажаното од нив двајца, но и тие треба да знаат дека минатата сезона не беше успешна за нас, поточно не ги остваривме зацртаните цели“, изјави Стерјев.
Хрватскиот ракометен стручњак, Лино Червар вчера најпрво со официјален прием кај градоначалникот на Битола, Тони Коњановски потоа и со официјална прес конференција беше преставен во Офицерскиот дом во Битола за нов тренер на Еурофарм Пелистер, следните три сезони.

