Македонската ракометна легенда, Стевче Алушовски е старо новиот тренер на македонскиот ракометен шампион.
53-годишниот Алуповски, роден во Австралија, доаѓа на местото на Шпанецот, Рубен Гарабаја, кој изненадно се раздели со клубот во декември.
Еурофарм Пелистер трката за титулата во македонското првенство и шанса во следната рунда на ЛШ ќе брка со веќе познато име на битолската ракометна јавност.
Алушовски како играч во Пелистер ја почна неговата кариера и се враќаше во зелено-белиот дрес уште два пати, исто овој пат како тренер, тој ќе биде трет пат на клупата на битолчани по 17/18 , 2019 година во Еурофарм Работник и овој пат во Еурофарм Пелистер, по престојот во охридскиот ракометен суперлигаш.
Поранешниот репрезентативец исто така има најмногу настапи во дресот на Македонија (245/967).
Во продолжение објавата од клубот:
Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд.
Прозивката на Стевче Алушовски е закажана за задутре на (14 јануари) во 17:00 часот.
Фото рк Пелистер (екипа)

