Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

„ЕУ за Преспа“: Нова канализациска мрежа и пречистителни станици за поквалитетен живот и заштита на Преспанското Езеро

Шеталиште 30/09/2026 09:53
MarkovaNoga1

Преку Програмата „ЕУ за Преспа“, финансирана од Европската Унија, имплементирана од Програмата за развој на Обединетите Нации во партнерство со националните и локални институции, целосно се завршени околу 35 километри канализациска мрежа во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени и Брајчино. Во завршна фаза е изградбата на шест пречистителни станици за отпадни води во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница се очекува да во завршна фаза на изградба, кои треба да бидат функционални до крајот на 2026 година.

Со изградбата на новата канализациска мрежа и пречистителните станици во руралните средини значително ќе се намали загадувањето и испуштањето отпадни води во преспанскиот регион.

„Програмата „ЕУ за Преспа“ е добар пример за сеопфатен пристап, кој отвора можности за Преспанскиот регион во насока на обнова на природните ресурси, одржливо земјоделство и туризам, како и унапредување на инфраструктурата за подобро справување со идните климатски промени. Преку оваа програма, Европската Унија инвестира и во инфраструктура која има директно влијание за подобрување на секојдневниот живот на луѓето, но и за иднината на Преспа. Правилното собирање и третман на отпадните води значи почиста животна средина, подобра заштита на езерото и подобри услови за развој на локалните заедници“, изјави Еваут Сандкер, Раководител на сектор при Делегацијата на ЕУ.

„Од новата инфраструктура директно ќе имаат придобивка повеќе од 1.500 жители. Покрај подобрувањето на комуналните услови и квалитетот на живот, инвестициите имаат значајна еколошка цел, подобра заштита на Преспанското Езеро“, истакна Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

Како дел од инфраструктурните подобрувања, поддршка добива и ЈПК „Пролетер“, преку обезбедување на нови возила за собирање отпад, канти за домаќинствата, како и софтверска и ИТ опрема. Со овие инвестиции се придонесува кон модернизирање на комуналните услуги и создавање поефикасен систем за управување со отпадот.

Во рамки на посетата беше разгледан и напредокот на изградбата на граничниот премин Маркова Нога, финансиран од Програмата „ЕУ за Преспа“, каде што градежните активности се во завршна фаза.

Инфраструктурната компонента на рамките на интегралната програма „ЕУ за Преспа“е дел од поширокиот пристап за одржлив развој на Преспа, кој ги поврзува подобрувањето на инфраструктурата, заштитата на животната средина и создавањето подобри услови за локалните заедници.

Continue Reading

Претходно: Голема полициска акција во Прилеп: претреси на околу 30 локации, под истрага и полицајци
Следно: Мицкоски за спотот на Дон Џони во „Македониумот“: Не требало да се случи, ќе побарам да се разреши директорот и Управниот одбор

Поврзани вести

Центарот за јавно здравје-Битола организираше акција за бесплатно мерење на гликемија
  • Вести
  • Битола инфо

Центарот за јавно здравје-Битола организираше акција за бесплатно мерење на гликемија

Васка М.Младеновска 12/11/2026 18:12
Комеморација на Француските гробишта во Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Комеморација на Француските гробишта во Битола

Васка М.Младеновска 12/11/2026 13:20
ffmm
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска

Димитар Петковски 12/11/2026 12:59
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Центарот за јавно здравје-Битола организираше акција за бесплатно мерење на гликемија Центарот за јавно здравје-Битола организираше акција за бесплатно мерење на гликемија 1
  • Вести
  • Битола инфо

Центарот за јавно здравје-Битола организираше акција за бесплатно мерење на гликемија

12/11/2026 18:12
Комеморација на Француските гробишта во Битола Комеморација на Француските гробишта во Битола 2
  • Вести
  • Битола инфо

Комеморација на Француските гробишта во Битола

12/11/2026 13:20
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска ffmm 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска

12/11/2026 12:59
Во Прилеп се одбележа Денот на примирјето во Првата светска војна img_3111-1200x800 4
  • Прилеп инфо

Во Прилеп се одбележа Денот на примирјето во Првата светска војна

12/11/2026 12:45
36 – годишен прилепчанец приведен откако му пронашле прашкаста материја policija_1000x666-1 5
  • Прилеп инфо

36 – годишен прилепчанец приведен откако му пронашле прашкаста материја

12/11/2026 12:42

Можеби сте пропуштиле

Центарот за јавно здравје-Битола организираше акција за бесплатно мерење на гликемија
  • Вести
  • Битола инфо

Центарот за јавно здравје-Битола организираше акција за бесплатно мерење на гликемија

Васка М.Младеновска 12/11/2026 18:12
Комеморација на Француските гробишта во Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Комеморација на Француските гробишта во Битола

Васка М.Младеновска 12/11/2026 13:20
ffmm
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска

Димитар Петковски 12/11/2026 12:59
img_3111-1200x800
  • Прилеп инфо

Во Прилеп се одбележа Денот на примирјето во Првата светска војна

Шеталиште 12/11/2026 12:45

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани