Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ЕУ и КфВ Банка со грант од 1,5 милиони евра ја поттикнуваат зелената трансформација на АД ЕСМ

Шеталиште 30/10/2025 14:26
ESM-grant

АД ЕСМ денеска потпиша Договор за грант со Германската развојна банка КфВ кој обезбедува 1,5 милиони евра техничка помош, финансирана од Европската Унија, наменета за зајакнување на внатрешните капацитети и забрзување на клучните активности за енергетска транзиција на компанијата.

Ова, наведува ЕСМ, е значаен чекор за зелена и пазарно ориентирана трансформација на компанијата.

-Грантот од Европската Унија, овозможен преку КфВ, претставува стратешки камен-темелник за нашата институционална трансформација кон сеопфатна, зелена и пазарно-ориентирана компанија. За ЕСМ ова е повеќе од премин кон обновливи извори на енергија, туку сериозна посветеност да станеме модерна и комерцијално конкурентна сила на европскиот енергетски пазар. Финансирањето ќе биде алатка за зајакнување на нашите внатрешни капацитети и корпоративно управување, преку финансирање на критични иницијативи за моделирање и стратешко планирање. Овој институционален фокус ја осигурува нашата оперативна одржливост, ја зајакнува енергетската безбедност на земјата и значително ги забрзува нашите напори за намалување на јаглеродниот отпечаток, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев.

По повод потпишувањето на Договорот, Штефан Худолин, Раководител на Одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија рече дека забрзувањето на зелената транзиција никогаш не било толку блиску и толку возможна.

-Со поддршката од Европската Унија и гаранциите на ЕФСР+ земјата ќе добие финансиски средства и технички насоки од нашите партнери во КфВ за да ја забрза трансформацијата и декарбонизацијата на енергетскиот сектор во Северна Македонија. Оваа заедничка акција има трансформативен ефект за преминување од јаглен на зелена енергија, но истовремено придонесува за создавање на стабилен енергетски сектор во многу нестабилен климатски и геополитички свет, истакна Худолин.

Според амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, во последните 20 години Германија ја поддржува енергетската транзиција на јавните енергетски објекти во Северна Македонија.

-Покрај финансискиот ангажман, развојната германска банка КфВ става на располагање и експертиза со техничко водство и управување. Декарбонизацијата е прашање на тимска работа, а Германија и КфВ се посветени на постојаната поддршка за Северна Македонија на овој пат, рече Дрекслер.

Пабло Обрадор, директор за Југоисточна Европа и Турција, нагласи дека енергетската транзиција бара подготвени енергетски компании кои ќе можат да се справат со предизвикувачките услови.

-Со овој проект, КфВ ќе ја поддржи трансформацијата на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), која ќе им овозможи подобро позиционирање и ќе им помогне да ја подобрат својата ефикасност и подготвеност за пазарот, потенцира Обрадор.

фото: АД ЕСМ

Continue Reading

Претходно: Хуманитарен одбојкарски натпревар во чест на Зоран Петковски – Петкото
Следно: Ласер и ВИ можат рано да откријат канцерогени абнормалности во клетките

Поврзани вести

20260914152710_big_730x400_34
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

Шеталиште 14/09/2026 13:52
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје гледа кон Чаир и посакува за прв триумф во елитата

Димитар Петковски 14/09/2026 10:15
sobranie
  • Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт

Шеталиште 14/09/2026 06:43
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани