Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

ЕУ се подготвува за пресметка со „Тему“ и „Шејн“

Шеталиште 21/07/2025 07:03
image-55

Првичните анализи кои се прават низ ЕУ покажале дека голем број на производи кои се продаваат преку онлајн платформите не ги исполнуваат европските стандарди за безбедност. Најдени се и токсини и забранети супстанци во производи за деца и козметика

Една од мерките кои ЕУ ги разгледува е да го укине даночното ослободување за увоз на пратки под 150 евра и да се воведе надокнада за справување со пратки, која би можела да го намали бројот на нарачки од мала вредност и да придонесе кон покривање на се поголемите трошоци за истраги на царинските служби

„Тему“ е присутна во Македонија од крајот на минатата година

Комесарот за правда и потрошувачи на ЕУ изјави дека е шокиран од токсичноста и опасноста на некои од производите што ги продаваат кинеските онлајн платформи Шејн и Тему. Мајкл Мекграт не застана само на својот личен впечаток, туку даде ветување дека ќе ја потисне продажбата на стоки кои не ги исполнуваат законските норми. Ги чека само официјалните резултати од операцијата спроведена низ цела ЕУ преку т.н. „тајни купувачи“.

„Шокиран сум. И мислам дека имаме обврска да ги заштитиме европските потрошувачи“, изјавил Мекграт за „Гардијан“.

Меѓу најлошите примери кои ги споменува комесарот се:

детски кабаници со токсични хемикалии;

наочари без УВ заштита;

детски бермуди со предолги врвки кои можат да доведат до сопнување;

козметика која содржи супстанци забранети од ЕУ, поради загриженост дека предизвикуваат стерилитет или влијаат на развојот на фетусот.

Но, освен за квалитет на производите, комесарот е загрижен дека кинеските платформи им штетат на локалните бизниси преку нелојална конкуренција.

„Растот (на кинеските платформи н.з.) е неверојатен и создава огромен притисок на системите на ниво на земјите-членки. Решителен сум во определбата да ја засилиме примената на нашите закони за безбедност и за заштита на потрошувачите. Не станува збор само за заштита на потрошувачите. Има сериозен проблем и со еднаквоста на правилата за игра за европските бизниси, бидејќи сега се очекува од нив да се натпреваруваат со продавачи кои не ги почитуваат нашите правила“, изјави Мекграт за „Гардијан“.

Статистиките на Европската Унија покажуваат дека секојдневно се увезуваат околу 12 милиони мали пратки. Во 2024 година Брисел избројал 4,6 милијарди нарачки под 150 евра, што е двојно повеќе од 2023-тата и три пати повеќе од 2022-та.

Една од мерките кои ЕУ ги разгледува е да го укине даночното ослободување за увоз на пратки под 150 евра и да се воведе надокнада која можеби ќе го намали бројот на нарачки од мала вредност и ќе придонесе кон покривање на се поголемите трошоци за истраги на царинските служби.

Continue Reading

Претходно: Вечерва третата вечер од Пиво Фест 2025: Никола Роквич на големата сцена во Прилеп
Следно: Денес се слави Светиот великомаченик Прокопиј

Поврзани вести

20260206075414_big_730x400_91
  • Свет

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци

Шеталиште 06/02/2026 07:49
Depositphotos_191505172_S
  • Свет

Снежно невреме во Јапонија – загинаа 35 лица

Шеталиште 04/02/2026 07:40
FB_IMG_1770048318471
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ ГИ ПРЕТСТАВИ ОЛИМПИЈЦИТЕ ЗА МИЛАНО КОРТИНА 2026

Димитар Петковски 03/02/2026 06:44
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

4
  • Настани

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

Шеталиште 17/02/2026 12:54
horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани