Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Ефтина тарифа нема да добијат сите од 1 декември

admin 03/07/2023 00:00
struja

Колку домаќинства ќе добијат евтина струја преку ден од 1ви декември ?! Ова прашање се отвори во јавноста откако надлежните најавија дека за најголем дел од струјомерите на домаќинствата да вртат по евтина тарифа ќе треба рачно да се променат, а од ЕВН кажаа дека со теренски активности ќе почнат од 1ви декември, објави Канал 5 во својот прилог.

Од вкупно 820 000 броила во земјава, 170 илјади се дигитални. За нив службите од ЕВН не треба да излезат на терен, бидејќи се со далечинско управување. Тие домаќинства без проблем од декември ќе имаат евтина струја и во текот на денот. Сепак, најголемиот дел од домаќинствата или 650 илјади броила ќе треба рачно да се променат.

Од ЕВН велат дека започнале да го подготвуваат „теренот“ за враќање на дневната евтина тарифа, но со прилагодување на броилата ќе започнат од 1ви декември.

„Од 1ви декември ќе влегува во сила новиот тарифен систем. До тогаш ЕВН ќе ги направи сите технички подготовки, софтверски испитувања и слично. Од 1ви декември ќе се започне со прилагодување на броилата на терен.“ -ЕВН.

Дека рачното менување на броилата ќе одземе повеќе време, претходно кажа и првиот регулатор Бислимовски кој во последното гостување на Канал 5 објасни дека новововедените блок тарифи го отежнуваат процесот.
-Имавме технички проблеми. Операторот сакаше 1ви јули наредна година, успеавме да се договориме да започне од 1ви декември кога најмногу им треба на граѓаните бидејќи не по нивна вина најголем дел од нив се греат на струја немаат други опции, од тие причини почнува од 1ви декември. Едноставно има технички проблеми и ова е најрано што можеше да стартува примената на евтината тарифа. Има блокови и тоа одзема повеќе време. Кога ќе излезат на терен читачите од ЕВН додека ја инсталираат. Најголем дел немаат можност за далечинско од канцеларија да се менува се што треба да се менува. Марко Бислимовски, РКЕ .

За теренската процедура да оди побрзо, помош понуди вицепремиерот Битиќи.

„Можам да им дадам помош, можам лично да им ги менувам броилата. Мора од 1ви декември, како ќе го направат тоа е нивна работа и одговорност.“ кажа Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Струјомерите на домаќинствата веќе вртат по нова цена на струјата за сите четири блока во тарифникот, а јулските сметки ќе бидат и со повиско ДДВ кое од 10 се врати на 18%.

Continue Reading

Претходно: Втора фаза ларвицидна дезинсекција ви Прилеп
Следно: Две природни состојки идеални за помош при изгореници од сонце

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31
mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
ezerani
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

Шеталиште 10/09/2026 07:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани