Шампионот на Македонија со висок пораз се прости од Лигата на шампионите, каде загуби во Шпанија од Барселона со 47-27.
За Е.Пелистер натпреварот немаше резултатско значење , ако се земе предвид дека силите се штедеа за во недела каде ги очекува големо македонско дерби, и дуел со еуфоричниот Вардар 1961.
Тренерот Алушовски му даде шанса на сите ракометари а најдобар стрелец на мечот беше Адриан Сола со постигнати седум голови.
„Сакам да ја честитам победата на домаќините, Барселона, тие беа подобри во секој аспект на ракометната игра. Имавме многу бавен напад, не бевме доволно агресивни во играта во одбрана. Мислам дека го срушивме рекордот на Загреб и примивме 47 гола. Едноставно кога играте против Барселона без одбрана, не можете да се надевате на некаков позитивен резултат . – изјави тренерот на еурофарм пелистер,Стевче Алушовски по големиот пораз.
.
Во Групата Б од Лигата на шампионите „Машинсикер“ првото место го обезбеди Барселона а второпласиран е Магдебург каде остана без мотив во Париз, и беше поразен втор пат по ред по оној од Барселона претходното коло. Претпоследен е Еурорфарм Пелистер а последен на дното е екипата на РК Загреб.



