Челичното дете од Битола, Ален Рустемовски победи на Медитеранските игри во Италија, совладувајќи го албанскиот боксер Ариол Зенели со пласманот во полуфиналето. Рустемовски во првата рунда стекна предност и тактички одлично го продолжи дуелот со неговите препознатливи крошеа, аперкати.
Во третата рунда “челичното дете”, Рустемовски со десно кроше го прати противникот на подот и судијата во тој момент ја прекина борбата, што значи полуфинале за нашиот боксер против Марин Хернандез од Шпанија и борба за медал.
Покрај Рустемовски боречките спортови за Македонија денес донесоа големи успеси на Медитеранските игри во Италија, откако вчера Фати Вејсели, Ахмад Магомедов и Реџеп Хајдари донесоа три медали за нашата држава.

