“Железното момче”, Ален Рустемовски го победи англискиот боксер, Вилијам Хјуит со 4-1 на Европското сениорско првенство во бокс во Софија и се пласира во чевртфиналето и ќе биде на чекор повторно до медал.
Рустемовски во наредната борба во четвртфиналето утре на 23. септември ќе ги одмери силите со Артур Базејан од Ерменија. На ЕП во бокс во Софија,Бугарија настапуваат 400 боксери и боксерки од повеќе од 40 држави.

