Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Спорт
  • Фудбал

Женската фудбалска репрезентација, помладите носат позитивна енергија и победнички дух

Димитар Петковски 01/03/2026 14:24
002-1536x1073

Женската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за новиот циклус на натпревари во квалификациите за пласман на Светскиот шампионат. Нашата селекција е дел од Ц лигата, но се очекува дека овој тим има реални шанси да забележи резултат кој би не вратил во повисок ранг.

Селекторот Александар Андов во составот има фудбалерки кои беа дел од селекциите до 17 и 19 години кои во своите категории беа дел од елитните квалификации за настап на Европските првенства.

“Тимот е составен од голем број млади фудбалерки, но тука се неколку поискусни и тоа екипа која на секој натпревар ќе се обиде да игра на највисоко ниво и на двата настапи против Азербејџан и Андора ќе оди на победа и освојување на значајни бодови во трката за обезбедување на што е можно подобар пласман во групата”, изјави голманката Викторија Панчурова.

Прв противник во овој циклус ни е репрезентацијата на Азербејџан.

“До овој момент не сме се сретнале со селекцијата на Азербејџан. Сигурно дека не чека еден интересен и неизвесен дуел. Според мене ќе решаваат индивидуалните квалитети и се надевам дека на крајот ние ќе стигнеме до посакуваната победа”, продолжи Панчурова.

Таа го поздрави потегот со подмладување на националниот тим и смета дека тоа ќе придонесе за постигнување на далеку подобри резултати во иднина.

“Сакам да истакнам дека одлуката да се вклучат помладите фудбалерки кои зад себе имаат одлични резултати во категориите до 17 и 19 години. Сметам дека тие ќе донесат нова, позитивна енергија во националниот тим и токму поради тоа оваа екипа во блиска иднина ќе почне да бележи добри резултати. Пред овие фудбалерки е убава иднина и очекувам овој тим од натпревар во натпревар да игра на повисоко ниво. Поискусните во овој состав ќе им дадат максимална поддршка и со наша помош нивниот напредок ќе биде забележлив по секој настап во националниот тим”, заврши репрезентативниот чувар на мрежата.

Дуелот против Азербејџан се игра на трети март, а почетокот на натпреварот во Баку е закажан за 12 часот. Четири дена подоцна Македонија во Битола ја пречекува селекцијата на Андора, а средбата почнува во 15 часот.

 

Фото: ФФМ

Continue Reading

Претходно: Капитенот Војдан Стојановски влегува во друштвото на великаните со 90. настапи на официјални мечеви за Македонија
Следно: Општина Битола со поддршка на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани