Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

„Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат

Шеталиште 30/04/2026 17:26
7632f1d08e3679e1ed2171d7e2950612

На 9 мај, Битола ќе биде домаќин на „Женски Земјотрес Битола“ – фестивал на свежа домашна музика што ја продолжува мисијата на Земјотрес, овојпат со јасен фокус на женските гласови од независната сцена.

Со 13 изданија во Скопје и 3 во Битола зад себе, Земјотрес е веќе препознатлива платформа која континуирано ја афирмира новата македонска музика и ја прави видлива пред пошироката публика. Оваиздание, сепак, оди чекор понатаму – отворајќипрашање што ретко се поставува директно: не далижените се присутни во музиката, туку колку сцената е присутна за нив. Истовремено го отвора просторот на делување надвор од центарот, со цел да ја доближи квалитетната домашна музика продукција до публиката во Битола.

Иако македонската музичка сцена изобилува соталентирани и автентични авторки, нивниотконтинуитет често се прекинува поради предизвицишто не се секогаш видливи – од ограничени можностиза продукција и издавање, преку социјалните релации, до недоволна институционална и медиумска поддршка. „Женски Земјотрес Битола“ го става токму овој контекст во центар, отворајќи простор за разговор и конкретни перспективи за развој.

Фестивалот нуди целодневна програма што ги поврзува музиката и дијалогот. Настанот започнува со DJ сет на NastasyaKish во кафе Tigre, продолжува со отворената дискусија „Женски гласови во независната музичка сцена“ во Кино Браќа Манаки, а кулминира со концертна програма во ПАЦИО – Завод и музеј Битола.

Во рамки на дискусијата ќе учествуваат Дина Јашари, Марија Каева, Елена Васова и Теодора Василевиќ, под модерација на Виолета Качакова. Разговорот ќе отвори теми за условите во кои се развиваат жените во музичката индустрија, нивната видливост, како и улогите што ги преземаат – од авторки и изведувачки, до продуцентки и организаторки.

Вечерната програма носи концерти на дел од најавтентичните имиња на независната сцена: АТА, Корка, Елена Васова, Дина Јашари и Princess Donatsu, потврдувајќи ја улогата на фестивалот како простор за различни музички изрази и генерации.

„Женски Земјотрес Битола“ се реализира во соработка со локалните партнери „We Pretend it’s a City“ и МИДС Битола, со заедничка цел музичката култура да биде достапна, инклузивна и жива.

Женски ЗЕМЈОТРЕС Битола – фестивал на свежа домашна музика е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

Continue Reading

Претходно: Лазаров го врати Талески но отпадна Серафимов, за баражот натпреварите за пласман на Светското првенство 2027 годинa
Следно: ФФМ учествува на 76. Конгрес на ФИФА во Ванкувер (Фото)

Поврзани вести

mintkredit_900_x_600
  • Промо

За денови што се паметат: Од важен момент до нов почеток

Шеталиште 08/05/2026 11:33
IMG_3111
  • Промо

Јубилеј од 10 години посветеност во Евротип

Шеталиште 05/05/2026 11:39
alen_giveaway_900_x_600
  • Промо

Минт Кредит GIVEAWAY – Пролетта носи повеќе можности

Шеталиште 28/04/2026 13:35
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани