Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Животната приказна на филмско платно: Ќе се снима игран филм за Дарко Панчев

Шеталиште 30/06/2025 06:48
20231012141040-1024x667

Животната приказна на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев наскоро ќе биде преточена на филмското платно. Станува збор за игран филм во кој ќе бидат прикажани сите најинтересни моменти од неговата кариера, но и од животот, неговите лични борби, успеси и падови. Самата филмска приказна треба да ја заинтересира пошироката публика, а не само пасионираните љубители на фудбалот.

МИА дојде до екслузивни информации дека на режисерското столче ќе застане македонскиот режисер Зоран Петровски, кој живее и работи во соседна Бугарија и кој во изминатите 20 години има работено на познати високобуџетни играни серии и телевизиски реклами, како и на многу меѓународни филмски и телевизиски продукции. Филмското деби на режисерот Петровски, е негов огромен мотив да се претстави со дело кое ќе ја освои пред се Европа и ќе прикаже убава позитивна приказна за нашата најголема фудбалска легенда која го освои светот.

На сценариото ќе работи Ѓорѓе Милиќевиќ, кој по потекло е од Србија, но повеќе од 60 години живее и работи во Њујорк и Лос Анџелес. Изборот Милиќевиќ да го работи сценариото не е случаен имајќи предвид дека тој е еден од сценаристите на една од најпознатите фудбалски стории, филмот „Victory” (Бегство кон Победа) во кој играат големите филмски имиња како Силвестер Сталоне, Мајкл Кејн, Макс фон Сидоф, но и едно од најголемите фудбалски имиња на сите времиња, Пеле.

Филмот во никој случај нема да претставува само документарна биографија, туку ќе биде вистинска холивудска приказна во која ќе има моменти за кои малкуминаа знаат, а самата приказна треба да ја заинтересира поширока пубилика, а не само пасионираните љубители на фудбалот. Оваа приказна излегува од досегашните македонски филмски стории и има за цел да ја прикаже Македонија во едно позитивно светло. Самата сторија треба да биде поттик за многу идни млади генерации дека во спортот со талент и напорна работа нема недостижни врвови, дека дете од Скопје кое потекнува од просечно работничко семејство успева да го достигне Европскиот и Светскиот фудбалски врв, велат од продукцијата „Петровски Брадрс“ од Скопје.

Ќе се снима на локации во Македонија, Србија и Италија

Продукцијата „Петровски Брадрс“ веќе има потпишано ексклузивен договор со Дарко Панчев за екранизација на неговата животната сторија на филмското платно.

Оттаму за МИА откриваат дека во текот на подготвителниот период ќе бидат организирани кастинзи и избор на локации на територија на државава, како и во Србија и во Италија, земји во кои Панчев ја градеше својата кариера.

Во моментот во тек се преговори за медиумски партнери и спонзори кои ја препознаваат важноста и големината на проектотот и се подготвени да застанат зад истиот.

Мене ми се допадна идејата, ја прифатив и дадов максимална поддршка. Секоја спортска приказна е убава приказна и се надевам дека филмот ќе биде направен како што треба и ќе биде интересен за гледачите. Јас од моја страна колку можам да помогнам во реализација на филмот, сигурно дека ќе се потрудам да помогнам. Екипата е одлична и тоа е гаранција дека филмот ќе биде добар, вели Панчев за проектот на продукциската куќа „Петровски Брадрс“.

Панчев во изјава за МИА оценува дека со филмот не само што ќе биде промовирана државата, туку ќе се испрати и порака дека во оваа држава имало и ќе има луѓе кои заслужуваат внимание.

Добро е за нашата држава да има еден ваков спортски филм, затоа што тоа ќе биде реклама и за Македонија и порака дека и во оваа држава имало, има и ќе има луѓе кои заслужуваат внимание не само од нашата јавност, туку и од пошироката европска јавност. Во тој контекст, сакам да нагласам дека се работи навистина за една убава идеја, нагласува Панчев.

Панчев е едно од најголемите фудбалски имиња во поранешна Југославија и во Европа во тоа време, како и најдобар фудбалер кој земјава го имала. Тој е најголемата македонската фудбалска легенда, освојувач на Купот на шампионите и Интерконтиненталниот куп, како и на Златната Копачка.

Continue Reading

Претходно: МЕТЕЖ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ И НА ПАТИШТАТА На Табановце се чека 45, а на Богородица 20 минути
Следно: Втора можност за упис во средно, слободни 16.034 места

Поврзани вести

20260813094834_big_730x400_61
  • Македонија

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август

Шеталиште 13/08/2026 09:09
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се слави Свети Евдоким

Шеталиште 13/08/2026 08:23
nevreme
  • Македонија

Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени

Шеталиште 13/08/2026 08:22
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Општина Битола: Дополнителна дезинсекција против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска 769345826_1366700785595177_7310704352979507219_n-750x375 1
  • Битола инфо

Општина Битола: Дополнителна дезинсекција против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска

13/08/2026 09:38
Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август 20260813094834_big_730x400_61 2
  • Македонија

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август

13/08/2026 09:09
Евровизија воведува нови правила за државата победник во 2027 година 20260813092004_big_730x400_99 3
  • Свет

Евровизија воведува нови правила за државата победник во 2027 година

13/08/2026 09:04
Денеска се слави Свети Евдоким Svekji-Crkva-2_1000x666-1 4
  • Македонија

Денеска се слави Свети Евдоким

13/08/2026 08:23
Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени nevreme 5
  • Македонија

Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени

13/08/2026 08:22

Можеби сте пропуштиле

769345826_1366700785595177_7310704352979507219_n-750x375
  • Битола инфо

Општина Битола: Дополнителна дезинсекција против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска

Шеталиште 13/08/2026 09:38
Elektricen avtomobil
  • Автомобили

Германците масовно преоѓаат на електричен автомобил по конфликтот на Средниот Исток

Шеталиште 13/08/2026 09:37
20260813094834_big_730x400_61
  • Македонија

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август

Шеталиште 13/08/2026 09:09
20260813092004_big_730x400_99
  • Свет

Евровизија воведува нови правила за државата победник во 2027 година

Шеталиште 13/08/2026 09:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани