Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Забрана за камиони поради снег на патот Струга – Ќафасан, затворени грчки граници

Шеталиште 08/01/2026 07:51
sneg-2-1-1

Снежните врнежи што ја зафатија западна Македонија утрово донесоа и први ограничувања во сообраќајот. Од 05:15 часот е воведена целосна забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Дополнителни проблеми се очекуваат и на јужната граница. Поради најавени протести на грчките земјоделци, од денеска (8 јануари) во 10:00 часот, на граничниот премин Ники, односно Меџитлија, ќе биде забранет сообраќајот за товарни возила во наредните 48 часа. Ограничувањето ќе важи до 10 јануари во 10:00 часот, додека патничките возила ќе можат непречено да сообраќаат.

Во меѓувреме, сообраќајот на државните патишта се одвива во типични зимски услови, по претежно влажни коловози. Снег со повремен и променлив интензитет паѓа во Куманово, Страцин, Крушево и Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Засега, овие врнежи не создаваат сериозни пречки за одвивање на сообраќајот.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да бидат особено внимателни, да ја приспособат брзината кон условите на патот и строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебно внимание се препорачува на делниците што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемен ризик од одрони. Како критични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Претходно: Променливо облачно со дожд и снег
Следно: ЦУК за состојбата со обилните врнежи од дожд во Македонија до 21 часот

Поврзани вести

sv-mitrofan
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Шеталиште 17/06/2026 07:19
Oblacno-vreme-vo-skopje
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Шеталиште 17/06/2026 07:18
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 1
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 2
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18
Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 3
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 4
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28

Можеби сте пропуштиле

190726-fenomenot-ronaldo-mesi-e-genijalec-koj-natera-i-brazilci-da-navivaat-za-argentina-1
  • Фудбал

Шесте рекорди на Меси за 80 минути

Шеталиште 17/06/2026 07:29
horoskop
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.06.2026)

Шеталиште 17/06/2026 07:20
sv-mitrofan
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Шеталиште 17/06/2026 07:19
Oblacno-vreme-vo-skopje
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Шеталиште 17/06/2026 07:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани