Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола информира дека е целосно завршен проектот за изградба на новата водоводна линија на улицата „Сту“ бр. 3.
Во рамки на активностите се поставени нови полиетиленски цевки со соодветни приклучоци, со што е обезбедено поквалитетно и посигурно водоснабдување за корисниците на оваа улица.
Од претпријатието истакнуваат дека продолжуваат со реализација на вакви проекти во насока на подобрување на водоснабдувањето за граѓаните на Битола.

