Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Завршија „сензационалните“, 33-ти Летни олимписки игри во Париз. Шоу на Том Круз

admin 12/08/2024 00:00
mok-e1723443933887

Пo 16 дена возбудливи натпревари, во Париз завршија 33-те Летни олимписки игри (ЛОИ), на кои учествуваа повеќе од 10.000 спортисти од 206 земји, како и тимот на бегалци.

За Македонија во Париз настапија атлетичарот Дарио Ивановски (маратон), Владимир Егоров (борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Милјана Релјиќ (таеквондо).

Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ја претставуваа и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).

За разлика од церемнијата на отворањето, која за прв пат во историјата се одржа надвор од стадионот, со бродска парада по реката Сена, во должина од шест км и во присуство на околу 300.000 гледачи, затворањето се одржа на „Стад де Франс“ пред повеќе од 70.000 гледачи.

Затворањето беше наречено „Рекордс“ и го режираше Томас Џоли, кој беше и уметнички директор на свеченото отворање. „Стад де Франс“ беше претворен во голем театар.

Учествуваа повеќе од 270 изведувачи, акробати, танчери и циркуски уметници. Огромната сценографија, костимите и спектакуларните светлосни ефекти ја однесоа публиката на патување низ времето, минатото и иднината. Дел од претставата се одвиваше во воздух.

Церемонијата вклучуваше и секвенца наречена „Записи“, која донесе патување низ времето како сон, предводено од „Златниот патник“. Неговата одисеја почна на почетоците на ОИ пред да продолжи во научно-фантастична дистописка иднина каде што ОИ исчезнуваат и мора повторно да се обноват.

На патот, „златниот патник“ откри симболи на мир и единство кои ги поддржуваат вредностите на олимпизмот. Овој лик е инспириран од референци од француската историја, вклучувајќи го и „Духот на Бастилја“, како и суштества од научна фантастика и видео игри.

– Смислив претстава во која Олимписките игри уште еднаш исчезнуваат, а некој доаѓа и ги воспоставува. Сакаме да славиме, но свесно. Овој момент на славење ќе биде и можност да размислиме за важноста на Игрите во нашето општество , рече Џоли.

Церемонијата почна во „Жарден де Тилери“ (Jardins des Tuileries), каде што се наоѓаше олимпискиот котел, а Захо де Сагазан и хорот на Академијата Хендл-Хендрикс ја изведоа безвременската класика „Под небото на Париз“ (Sous le ciel de Paris) од познатата Едит Пјаф.

Песната го придружуваше гасењето на олимпискиот оган и заминувањето на пламенот, во рацете на четирикратниот златен медалист, францускиот пливач, Леон Маршан кон „Стад де Франс“ каде што продолжи „прославата“ и дефилето на спортистите.

Во протоколарниот дел ,претседателот на Организацискиот комитет, Тони Естанже, им се заблагодари на сите учесници, волонтери, гледачи, а особено на спортистите. Спортистите и сите присутни ги поздрави и првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах

– Вашите настапи беа неверојатни, се натпреварувавте жестоко, на работ на совршенството. Ни покажавте какви височини се способни да достигнат луѓето.

Олимписките игри во Париз 2024 година беа прослава на спортистите и спортовите, со целосна родова еднаквост Ова беа сензационални Игри, од почетокот до крајот, и ќе се осмелам да кажам: Сена-зационални, рече Бах.

Еден од поинтерсните моменти на церемонијата беше предавањето на олимпиското знаме од градоначалничката на Париз, Ан Идалго, на градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, домаќинот на следните ЛОИ 2028 година.

На затворањето присуствуваше американската филмска ѕвезда, Том Круз, кој сними неколку видео кадри во април на мотоцикл со големо олимписко знаме на улиците на француската престолнина, а потоа и во близина на холивудскиот знак над Лос Анџелес.

Круз се спушти од покривот на „Стад де Франс“, сподели тони селфи, го зеде олимпиското знаме, излета од стадионот со мотоцикл, се возеше по улиците на Париз, се качи на авион за ЛА, а потоа скокна со падобран на познатиот холивудски знак!

Неговото видео во стилот на филмската франшиза „Невозможна мисија“, во која тој глуми, симболично го означи затворањето на ОИ во Париз и отворањето на ОИ во ЛА.

Неговото видео во стилот на филмската франшиза „Невозможна мисија“, во која тој глуми, симболично го означи затворањето на ОИ во Париз и отворањето на ОИ во ЛА.

По ЛОИ, француската престолнина, Париз, ќе биде домаќин и на 17-то издание на Параолимписки игри (ПОИ).

Continue Reading

Претходно: Портокалова фаза на територија на цела држава, Владата со препораки за превенција
Следно: Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско, кај Заполски мост

Поврзани вести

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата FB_IMG_1788757725107 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

07/09/2026 05:24
Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 2
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 3
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 5
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани