Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Заврши Битола Отворен Град – по 23 пат обединување на креативните сили на градот

admin 02/07/2024 00:00
Messenger_creation_ab4d2ab4-b03a-41f4-835a-cedf58c0ed41

Уметноста и музиката на новата генерација млади луѓе, но и социјалните промени, беа во фокусот на Битола отворен град, кој изминатата недела го трансформираше градот во отворена сцена за бројни музички настани и неколку арт перформанси и дебати.

„Овој наш настан, кој влезе во третата деценија, беспрекорно умее да се носи со новите генерации и новото време. Да ја спојува уметноста, музиката и општествениот ангажман, обезбедувајќи платформа за младите таленти да се изразат себеси додека поттикнуваат позитивни промени. Од промоција на женскиот стрип, преку панел дискусија за позицијата на младите уметници денес, кино проекција, одличен кретивен маркет до наелектризирани музички изведби, овогодинешниот фестивал испорача извонредно искуство за публиката која не следеше во сите фестуивалски денови„-истакнуваат од МКЦ Битола кој е организатор на овој фестивал.

На Битола Отворен Град се одржа и креативен камп, на кој волонтерите се фокусираа на трансформативната моќ на зборовите во уметност.
МКЦ Битола, отсекогаш бил и сцена за демо бендовите, кои на овој фестивал ги правеле првите чекори. Така оваа година на Битола Отворен град настапија, три нови млади локални бендови: Tsar Von Time, Параноја и SunShift.
Клубот Јагода беше полигон каде се случи првиот кретаивен маркет во градот, а дворот дворот на МКЦ, лоциран во старото градско јадро на Битола послужи како локација за една интересна дебата на која учествуваа гостите од Ремонт галеријата од Белград.
Пациото на Офицерски дом беше претворено во кино на отворено каде се прикажа „Слобода” на режисерот Златко Ѓелевски.
Локални диџеи и гостинка диџејка од Белград дадоа свој придонес на фестивалот со славењето на електронската музика.
Фестивалот Битола Отворен Град, традиционално го одржа и големиот музички хепенинг на кој настапи Илија Талев – Ile The Hair кој одбележа 30 години од неговиот прв техно албум „И по Тито, техно…” кој е впрочем и првиот издадан македонски техно албум. Свој настап имаше и Ареа, а после 20 години во Битола свој концерт одржа и Архангел.

Уметност, музика и социјален ангажман, останува кохезија на креативните сили
младинскиот арт фестивал Битола Отворен Град, кој верува во новите генерации и нивниот општествен ангажман. Фестивалот останува да биде платформа за младите луѓе да се изразат креативно, истовремено поттикнувајќи дебати кои би поттикнале позитивни промени, преку работилници, перформанси и инклузивни настани, славејќи ја различноста, единството и огромниот потенцијал на младите луѓе да обликуваат подобра иднина. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Битола и со спонзорирање од македонски компании.

Continue Reading

Претходно: Роналдо: Некои фудбалски моменти не се опишуваат, немав промашено пенал една година
Следно: Православните верници го слават Свети Наум Охридски Чудотворец

Поврзани вести

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата FB_IMG_1788757725107 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

07/09/2026 05:24
Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 2
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 3
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 5
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани