Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Заврши првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој

Шеталиште 22/06/2025 09:39
Perinski

Во Скопје се одржа првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување, во организација на Програмата „ЕУ за општините“, финансирана од Европската Унија, кој ги обедини општините од земјава и нивните партнери од земјите-членки на Европската Унија со цел размена на добри практики, презентација на иновативни решенија и поттикнување нови соработки за одржлив развој на локално ниво.

Настанот официјално го отворија министерот за локална самоуправа, Златко Перински и програмскиот менаџер во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Енцо Дамиани, кои во своите обраќања упатија силна порака за значењето на локалната самоуправа во процесот на приближување кон Европската Унија.

Министерот Перински посочи дека партнерството меѓу Владата, општините и Европската делегација е од суштинско значење за успешната интеграција на земјава во Европската Унија, додавајќи дека интеграцијата во ЕУ не е само политичка цел, туку и процес на длабоки реформи кои го подобруваат животот на граѓаните.

-Преку формирањето на Ресурсен центар дополнително ќе биде дадена поддршка за развој на локалните самоуправи. Фокусот е ставен на три компоненти, на поддршка за проектен менаџмент, зајакнување на административните капацитети на општините и забрзување на дигиталната трансформација. Особено е значајна соработката во рамки на програмите финансирани од ЕУ, како што е „ЕУ за општините“, кои овозможуваат иновативни решенија за подобрување на локалните услуги и поттикнување на локален економски развој, рече Перински во својот говор.

Програмскиот менаџер Дамиани нагласи дека ЕУ интеграцијата започнува токму на локално ниво. Тој подвлече дека Програмата „ЕУ за општините“ обезбедила поддршка за речиси сите 81 општина во земјата, со конкретни резултати во многу области, меѓу кои и урбана мобилност, дигитализација, енергетска ефикасност и управување со отпад.

-Со поддршка од ‘ЕУ за општините’ се воспостави и Организација за менаџмент на дестинации (ДМО) во Повардарскиот регион, која веќе остварува регионална и прекугранична соработка со општини од Грција и Германија. Дополнително, функционира и специјализирана служба за поддршка (Helpdesk) која досега одговорила на речиси 1.000 различни барања од општините. Сакам да ја изразам искрената благодарност до сите општини, институции и партнери кои покажаа дека европските вредности се веќе присутни и на локално ниво во земјата, посочи Дамиани.

Саемот ги обедини претставниците на локалната самоуправа, министерства, делегации од Германија и Грција, како и граѓански организации и експерти. На осум изложбени штанда беа презентирани решенија ко-финансирани од ЕУ, како и добри практики за менаџмент на дестинации, одржлива мобилност и поддршка за општините. Настанот послужи и како платформа за нови партнерства, билатерални средби и размена на искуства меѓу домашни и меѓународни чинители.

Фото: „ЕУ за општините“

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ Битола: ОЈО има отворени постапки за РЕК Битола поради криминални и местени тендери од СДС
Следно: АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани