Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Запленети 18 килограми сребро, како и 1.852 парчиња облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки

admin 05/03/2025 00:00
parfemi-bogorodicza-1024x1024-1

Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит и 180 парфеми од 100 ml со вкупна вредност од 1,18 милиони денари. Против едно лице, косовски државјанин е поднесена и изречена пресуда од надлежен суд. Сребрениот накит и парфемите се откриени при контрола на автомобилот со кој сторителот патувал со својот брачен другар. При извршената контрола, во просторот за резервна гума биле пронајдени 180 машки и женски парфеми, додека во фабричка празнина позади задното седиште и просторот за резервна гума, како и во десната странична фабричка празнина на багажникот биле пронајдени вкупно 26 пакетчиња со вкупно близу 18 килограми сребрен накит (нараквици, обетки, синџирчиња, приврзоци и прстени).

Откриени шест дела на повреда на право на интелектуална сопственост, при што запленети се 1852 парчиња облека, обувки со потписот на Валентино, Прада како и играчки Мерцедес:

Царински службеници на влез во државата на граничен премин Дојран открија три дела на повреда на право на интелектуална сопственост, при што запленети се 789 парчиња облека најголемиот дел со потписот на Валентино и 80 парчиња патики со потписот на Прада и Келвин Клајн.

Мобилен тим заплени 770 парчиња тренерки со потписот на ОYSHO поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен на царинска испостава Скопје 4 при преглед на стока за увозно царинење.

Мобилен тим заплени 93 сета детски коли Мерцедес, со вредност од 301,7 илјади денари поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при преглед на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Тетово.

Во друг случај мобилен тим заплени и 120 парчиња играчки со лого на заштитени трговски марки кои се откриени при преглед на стока за увозно царинење во Царинска испостава Скопје 3.

Царинските службеници и мобилен тим на граничен премин Дојран и на граничен премин Богородица, во три случаи спречија и шверц на близу 300 парчиња облека.

27 штеки цигари без акцизни маркички се пронајдени при контрола на два камиони-кипери со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Цигарите се пронајдени во кабините, во фабричка празнина зад возачкото седиште како и под конструкцијата на креветот.

Алуминиумски бандажи и фарови за товарно возило се пронајдени во товарно возило со норвешки регистарски таблички, управуван од македонски државјанин на граничен премин Ново Село.

Македонски државјанин се обидел да шверцува осум делови за товарни возила кои се пронајдени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Три машини и две маси за пекарска индустрија се пронајдени во товарниот дел на товарно комбе со кое македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Ново Село.

Запленети 43 маси откако мобилен царински тим при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Блаце, утврди дека истите не биле опфатени со царински документи.

Во друг случај мобилен, во царински склад, при контрола на стока пријавена за увозно царинење, откри 13 парчиња употребувани кујнски апарати кои не биле пријавени со царинските декларации.

Continue Reading

Претходно: Како преминот кон летно сметање на времето влијае на нашето здравје – како да се подготвиме?
Следно: Ново фудбалско игралиште во Прилеп

Поврзани вести

160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани