Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Запленети 4,5 илјади парфеми, облека, обувки со потпис на познати трговски марки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари

admin 26/03/2025 00:00
7.-50h50-zapleni-960x960-1

Запленети 4,5 илјади парфеми, облека, обувки со потпис на познати трговски марки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари

Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис на познати трговски марки:

– Mобилен тим заплени 225 парфеми со потпис на познати трговски марки, како Gisada, Paco Rabbane, Louis Vuitton, Jean Paul Gautter, Carolina Herrera откако истите ги пронајде во кабина на камион со бугарски регистарски таблички. Возачот на камионот, инаку македонски државјанин, производите ги скрил во креветот во кабината на камионот, при што истите сакал да ги прошверцува во државата. Против него е поднесена соодветна пријава.

– Mобилен тим заплени 1.664 парчиња детска облека со ознаки на заштитени трговски марки поради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на стока наменета за фирма од Штип пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.

– Во друг случај при контрола на камион натоварен со стока од испраќач од Грција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица мобилен тим заплени 915 чанти и ранци, 270 ремени и 40 детски куфери, со декларирана вредност од 850 евра, поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

– На излез од државата на граничниот премин Блаце мобилен тим заплени 267 парчиња облека поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на камион со албански регистарски таблички, натоварен со стока од испраќач од Турција, наменета за увозник од Албанија.

– 432 парфеми и 81 пар женски обувки со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Производите се пронајдени во камион со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран, натоварен со стока со потекло од Турција, а наменета за увозник од Косово.

– Македонски државјанин се обидел нелегално да внесе во државата 93 парчиња облека со потпис на заштитени трговски марки преку граничен премин Меџитлија. Истите се пронајдени во багажниот простор и во просторот за резервната гума на автомобилот со кој патувал. Стоката е откриена при контрола на автомобилот со кој патувал. Во намерата е спречен од царинските службеници кои при контрола на автомобилот, во багажниот простор и во просторот за резервна гума ги пронајдоа непријавените производи.

– На граничен премин Дојран се запленети 282 парчиња облека, 270 парчиња бижутерија и друга стока поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Производите се пронајдени при контрола на камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока со потекло од Турција.

Во три случаи мобилни тимови и царински службеници запленија и 175 парчиња облека и обувки:
– 104 пара машки обувки се пронајдени во две торби сместени во багажникот и околу резервната гума на автомобил со кој двајца косовски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Богородица.

– Мобилен царински тим во соработка со мобилна единица на МВР заплени 62 пара женски обувки, кои се откриени при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин.

– Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце при извршена контрола на камион заплени девет јакни. Непријавените производи се откриени во креветот во кабината на камион со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин.

Запленети 323 штеки цигари со вкупна вредност од 694 илјади денари, што царински службеници и мобилни тимови ги открија при контрола на возила и патници:

– 231 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 1,5 кг тутун без акцизни маркички, со вкупна вредност од 367.130 денари се откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на двајца македонски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон. Царинските службеници од царинската испостава Аеродром Скопје и припадници на Граничната меѓуагенциска единица селектираа патници поради контрола на нивниот багаж, при што по извршената контрола со помош на скенер, во патните торби на еден патник биле пронајдени 203 штеки цигари и 1.500 грама тутун, а во патната торба на друг патник биле пронајдени 28 штеки цигари.

– Царински службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија шверц на 33 штеки цигари коишто биле скриени во фабрички прегради на два камиони.

– Мобилен тим во соработка со полициски службеници заплени 59 штеки цигари со вкупна вредност од 244 илјади денари откриени при контрола на автомобил во Битола.

– Во друг случај мобилен царински тим заплени и 90 електронски цигари откриени во фабричка празнина во подвозјето на камион управуван од македонски државјанин. Случајот е откриен на граничен премин Табановце на влез во државата.

Воздушна пушка GAMO/SPAIN, модел BIG CAT 1000-E, со оптички нишан и ласер, е пронајдена во багажникот на автомобил со српски регистарски таблички со кој српски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце.

24.500 евра се запленети откако истите се откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој како патник во автобус, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Кај патникот се пронајдени 26.500 евра, при што согласно Законот за девизно работење му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите девизи се задржани.

Служба за мобилни скенери во три случаи спречи криумчарење на дигитални приемници, телевизор, акумулатори, алати и разна друга стока со вкупна вредност од 1,5 милиони денари:
– 2.004 дигитални приемници АТЕК АК-2025, со вкупна вредност од вредност од 1,5 милиони денари се откриени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Откриените дигитални приемници кои не биле опфатени со царинските документи се запленети, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

– Во друг случај Службата за мобилни скенери при контрола на камион на влез во државата на граничен премин Табановце откри телевизор Samsung и една хармоника Ramses Professional. Производите се пронајдени на креветите во кабината на камионот управуван од македонски државјанин.

– Пет употребувани акумулатори, комплети рачни алати, сталажа за алат, комплет робот-правосмукалка марка Dreame X40 Ultra robot се откриени од Службата за мобилни скенери, при контрола на камион на влез во државата на Табановце. Непријавените производи се пронајдени во кабината и во товарниот дел на камион-кипер со австриски привремени таблички, управуван од македонски државјанин.

– Разна стока, меѓу која метални кутии за осигурувачи, конвертор, ладилник за камион и друга стока се пронајдени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје пријавена за увозно царинење во царинска испостава Деве Баир.

Царински службеници од граничен премин Блаце, царинска испостава Гевгелија, и Дојран спречија криумчарење на разна стока, меѓу која гуми со бандажи, антифриз, делови за туш кабини со вкупна вредност од околу 300 илјади денари.

– 109 делови за туш-кабини, 300 USB мемориски стикови се пронајдени во багажникот на автомобил со турски регистарски таблички со кој турски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце. Во друг случај царински службениците службеници запленија и 16 употребувани гуми со бандажи, кои се пронајдени во внатрешноста на камион.

– 210 кг антифриз SHELL, 200 кг памучна ткаенина за отстранување маснотии, 80 кг најлонски вреќи, кои не биле опфатени со царинските документи се откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија.

Continue Reading

Претходно: Нова дигитална реалност: MINT воведува паметна идентификација со OneID
Следно: Уште една европска земја воведува задолжителен воен рок за жените

Поврзани вести

izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола исплати дел од средствата за избирачките одбори

Шеталиште 09/12/2025 11:10
Gordana Dimitrieska Kochoska
  • Вести
  • Економија

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој

Шеталиште 09/12/2025 11:10
petardi
  • Вести
  • Македонија

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците

Шеталиште 09/12/2025 11:08
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Општина Битола исплати дел од средствата за избирачките одбори izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija 1
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола исплати дел од средствата за избирачките одбори

09/12/2025 11:10
Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој Gordana Dimitrieska Kochoska 2
  • Вести
  • Економија

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој

09/12/2025 11:10
МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците petardi 3
  • Вести
  • Македонија

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците

09/12/2025 11:08
Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба

09/12/2025 11:07
Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники blokadi-grcija 5
  • Вести
  • Регион

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники

09/12/2025 11:06

Можеби сте пропуштиле

izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола исплати дел од средствата за избирачките одбори

Шеталиште 09/12/2025 11:10
Gordana Dimitrieska Kochoska
  • Вести
  • Економија

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој

Шеталиште 09/12/2025 11:10
petardi
  • Вести
  • Македонија

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците

Шеталиште 09/12/2025 11:08
Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба

Шеталиште 09/12/2025 11:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани