Започна карневалот во Венеција. Танчери и уметници продефилираа покрај Гранд Канал.
Во текот на следните две недели градот ќе биде исполнет со илјадници туристи од цела Италија и светот.
Во античките венецијански палати ќе се одржуваат балови под маски, а на плоштадите и каналите во градот ќе се организираат концерти и поворки со гондоли.
Еден од најстарите карневали во светот првпат се одржал во 11 век.