Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани

Започна 14. Прилеп џез викенд: Џез самурај од Јапонија ќе настапи на прилепскиот џез фестивал

Шеталиште 30/08/2025 06:48
pjw2-696x522

Со најновиот музички материјал на словенечкиот Блаж Шваган квартет, започна четиринаесетотто издание на Прилепскиот џез викенд.

Квартетот пред прилпеката публика го претстави најновиот материјал снимен во Лондон во 2024 година. Станува збор за музика која може да се опише како модерен џез, кој се инспирира од дет металот и од научната фантастика.

Вториот дел од вечерта беше посветен на прерано починатиот пијанист и тромбонист Филип Стевановски кој загина во кочанската дискотека „Пулс“ во март годинава. Неговите колеги од различни музички состави изведоа голем број познати и помалку познати џез копозиции, како и дела кои ги изведувале заедно со Стевановски. Актерот Илија Волчески, пред публиката и пред ќерката и сопругата на Стевановски имаше кусо обраќање во кое ги истакна талентот, посветеноста и професионалноста на Стевановски.

– Ве замолувам за еден силен аплауз, затоа што Филип најмногу живееше за аплаузот – рече Волчески.

Програмата планирана за вечерва ќе започне со настапот на бендот од Скопје,  „Тхе локал блу“ (The Local Blue) од кој пубиката ќе има можност да слушне инструментален краут рок со забележливи психоделично-динамични акценти, уникатна спојка на една звучна палета од психоделичен, стоунер, спејс и пост рок.

На крајот од денот Прилеп џез викенд ќе биде домаќин на ТОКУ (TOKU), претставник од њујоршката џез сцена, кој на фестивалот во Прилеп ќе настапи со Самураи џез квартет во придружба на врвни македонски артисти кои оставиле голем белег во џез и ворд музиката,  на меѓународната сцена,  Оливер Јосифовски, Симеон Петров и Александар Петров.

TOКУ (познат како Џез Самурај) е џез вокалист и свирач од Јапонија, кој  зад себе има 14 издадени албуми за „Сони мјузик“ , а од 2021 година тргнува на патување за да се поврзе со светот преку својата музика.

Амбиентално – синематски стил на музика преку реализација на проектот „Ноќен пејсаж“ на публиката во Прилеп ќе и презентираат Глигор Кондовски и Владан Дробицки.

Фестивалот ќе го затвори легендарната група „Обојени програм“  која повеќе од четири децении е присутна на сцената, а  повеќе од триесет години не настапила во Македонија.

– Прилеп џез викенд веќе четиринаесет години е домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз прилепската публиката – велат организаторите.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија,  Општина Прилеп и неколку општествено одговорни компании.

 

 

 

Фото: Филип Димкоски

Continue Reading

Претходно: 11- годишно дете од с.Канатларци погодено со дијабола од пневматско оружје
Следно: Големи колони возила на Табановце

Поврзани вести

IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
default
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Караванот „Силно светнал ден“ создаде незаборавна атмосфера пред Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 12/08/2026 07:34
2-prilep-696x855
  • Настани

Почнува меѓународниот фестивал „Итар Пејо“

Шеталиште 12/08/2026 07:15
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања Screenshot_20260813_070838_Chrome 1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

13/08/2026 05:10
Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови” IMG_5824 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

12/08/2026 19:10
Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре IMG_5820 3
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

12/08/2026 13:01
54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026 FB_IMG_1786534700001 4
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

12/08/2026 11:40
The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат FB_IMG_1786533114028 5
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

12/08/2026 11:20

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани