Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

За една недела 1.725 случаи на болни од грип – да се избегнуваат собири, заболените да се јават на матичен лекар и да останат дома

Шеталиште 08/01/2026 15:04
grip-opsta-pexels-1

Регистрирани се 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип во периодот од 29 декември и 4 јануари, што е 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со истата недела минатата сезона, кога бројот бил 331, е зголемен 5,2 пати, а во споредба со истата недела во последните 15 сезони, зголемувањето е 38,7 проценти, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Директорката на Институтот, Марија Андоновска, денеска изјави дека во согласност со податоците во Македонија има висок интензитет на вирусот на грип со очекување на натамошно зголемување во наредниот период. Според неа, ова не е ништо ново со оглед на периодот со празници, прослави и собирања и е нешто што е очекувано.

– Пикот на грип се очекува во втората половина на месецот и првата половина на февруари. Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека бројот на заболени од грип може да биде зголемен. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Во однос на возрасната дистрибуција, 749 лица се на возраст меѓу 15 и 64 години, 618 се деца на возраст од пет до 14 години, 229 се деца на возраст до четири години и 129 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца е регистрирана кај деца на возраст од пет до 14 години, рече д-р Андоновска.

Посочи дека пријавите за заболени ги добиле од 18 места и според добиените податоци, најмногу заболени се регистрирани во Скопје – 716, во Тетово – 339, во Куманово – 150, во Велес – 109, во Штип – 60, во Дебар – 54, во Гостивар – 49, во Прилеп – 45, во Охрид – 44, во Битола – 40, во Струмица – 38, а во другите градови, како Кавадарци, Неготино, Струга, Демир Хисар, Виница, Македонски Брод, Радовиш, бројот на заболени е помал од 30.

– Во Дебар се бележи многу висока активност на грипот, во Велес и Тетово се бележи висока активност, средна активност е регистрирана во Скопје, Куманово и во Штип, во десет единици се бележи сезонска регуларна активност, а во две единици, како Радовиш и Демир Хисар, се бележи многу ниска активност на вирусот на грип. Во досегашниот тек од почетокот на сезоната не се регистрирани починати лица што асоцираат на грип. Се забележува значително зголемување на бројот и на нинциденцата на заболувања слични на грип на неделно ниво. Во текот на првата недела од годинава првпат во сезоната е регистрирана средна активност на грипот на национално ниво, рече д-р Андоновска.

Во однос на општите мерки, таа појасни дека оние што не се заболени треба да избегнуваат собири, престој во простории, молови, во кои има голем број луѓе, да се избегнува контакт со заболени или луѓе со симптоми на кивање и кашлање, често да се мијат рацете со сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни стилови, редовно пиење вода, да се јаде лесна храна, витамини и минерали.

– Кај оние кај кои е констатиран грип препораките е да се јават кај својот матичен доктор, да останат дома, да не се оди на работа, да не се носат децата во училиште, не само поради пренесување на вирусот, ова е важно и за болните, да не ги изложуваме ни децата ни возрасните. Доколку е докажано дека имаат грип, треба да бидат во домашни услови, да мируваат, да примаат симптоматска терапија препишана од матичен лекар. Многу е важно, доколку се појават симптоми, да се остане дома. Кај ризичните категории граѓани, над 65 години, кај децата, бремените жени, хронично болните – доколку има влошување на состојбата, да се јават кај својот матичен лекар, потенцира д-р Андоновска.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека годинава циркулира вирусот на грип од типот А и дека како Институт за јавно здравје ќе продолжат да ја следат состојбата во однос на тоа дали има пораст на заболени од грип, а доколку оценат дека бројките се премногу високи, може да дадат препорака да се донесе некаква мерка.

Според податоците на ИЈЗ, во однос на сезоната 2025/2026, генерално значи дека од почетокот на сезоната до денеска бројот на случаи на грип и заболувања слични на грип изнесува 3.825. Во споредба со истиот овој период минатата сезона, кога бројот бил 1.335, бројот на пријавени случаи е зголемен 2,8 пати, а во однос на моделот од последните 15 сезони, вкупно се регистрира зголемување од 20,6 проценти.

Continue Reading

Претходно: Битолските јавни претпријатија ги санираат последиците од поплавите
Следно: Јавното претпријатие „Водовод“ со брза и ефикасна интервенција по обилните врнежи во Битола

Поврзани вести

2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео) FB_IMG_1786179200537 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

08/08/2026 17:45
Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност 2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3 2
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

08/08/2026 12:48
241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 3
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 4
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 5
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
TOM_8493
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:55
Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:23
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани