Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

За минималната плата Мицкоски повика на дебата

Шеталиште 11/08/2025 10:51
339224-bruto-zarabotuvachkata-vo-2014-godina-iznesuvala-397.739-denari

Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1 000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа треба да се договори е Економско-социјалниот совет (ЕСС). Упатувам порака до вистинските синдикалци, да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злоупотребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски.

Како што напомена Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Петровец, се додека нема договор меѓу синдикалците и работодавачите, не може да се носи нов закон, особено не сега, во период на предизбори.

Според премиерот, услугите се клучната причина за раст на инфлацијата. Платата просечно расте 11 отсто на ифлација од 4,5 отсто и нето платата е порасната.

-Јас повикувам на дебата. Ова не е тема што се политизира, туку тема што треба да се дискутира во рамки на институциите. Не е ова тема за политички поени, „аха, види го сега овој, овој е дарежлив, а овој не“. Не е ова таква тема, туку се седнува и се разговара. На последната седница на ЕСС видовме различни ставови кај работодавачите и синдикатите, не но не гледам непремостливи разлики. Во конструктивен разговор ќе се изнајде решение кое ние како Влада ќе го почитуваме – напомена Мицкоски.

Тој потсети дека Владата како најголем работодавец постигна договор за раст на платите во образованието, здравството, МВР,  МО,…, буквално во сите институции и повеќе нема таков, како што рече, со плата еднаква на минималната.

-Останатиот дел е дијалог меѓу другите два партнера, работодавачите и синдикатите. Во однос на инфлацијата, ќе повторам дека услугата е главниот „драјвер“ на зголемената инфлација, а таа ќе расте се додека има кој да ја плати. Кога ќе престанат граѓаните да ја плаќаат, тогаш ќе паднат и цените во услужните дејности и тука ние како Влада не можеме да интервенираме – подвлече премиерот.

 

 

 

Извор: Нова Македонија

Continue Reading

Претходно: Регулаторна одлучи: Горивата со пониски цени од полноќ
Следно: Во битолско тешко повредена 29 – годишна жена по пад од трактор

Поврзани вести

20260421091405_big_730x400_45
  • Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

Шеталиште 21/04/2026 07:51
20260421093331_big_730x400_94
  • Македонија

Привремено недостапни електронските услуги на порталот uslugi.gov.mk

Шеталиште 21/04/2026 07:51
Svetite-apostoli
  • Македонија

Денеска се празнуваат Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј

Шеталиште 21/04/2026 07:03
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Поскапуваат цените на летовите avion-2 1
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

21/04/2026 08:22
Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ FB_IMG_1776759514548 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

21/04/2026 08:19
При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците ees-1024x768 3
  • Балкан

При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците

21/04/2026 07:56
Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови 20260421091505_big_730x400_58 4
  • Свет

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови

21/04/2026 07:52
Почина новинарката Гордана Дувњак 20260421091405_big_730x400_45 5
  • Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

21/04/2026 07:51

Можеби сте пропуштиле

edukacija-seminar-2-1536x1034
  • Спорт
  • Останати

Завршен четвртиот модул од УЕФА ПРО курсот во организација на ФФМ

Димитар Петковски 21/04/2026 11:13
avion-2
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

Шеталиште 21/04/2026 08:22
double-chocolate-banana-bread-5
  • Рецепти

Чоколаден банана бреад – совршен спој на мекост и богат вкус

Шеталиште 21/04/2026 08:20
FB_IMG_1776759514548
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

Димитар Петковски 21/04/2026 08:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани