Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВ. ГЕОРГИЈ: Наречен е Посен оти секогаш се паѓа во Божикните пости

admin 09/12/2023 00:00
sv.-gorgija-georgi

Уште еден празник посветен на свети Георгиј Победоносец

Македонскиот народ со домашни служби го празнува и празникот Свети Георгиј – Посен што се празнува на 26 ноември според стариот (или на 9 декември според новиот) календар.

И овој празник е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, чиј спомен се празнува и на други датуми од православниот календар.

На овој датум во 1037 бил осветен храмот посветен на овој светител во Киев изграден од кнезот Јарослав. Овој ден како празник се празнува во цела Русија и оттаму веројатно празнувањето е пренесено и во нашиве краишта.

Празникот е наречен Посен затоа што секогаш се паѓа во Божикните пости. Во книгата на Булгаков „Настолнаја книга“, на овој датум се поместени тропар и кондак на празникот посветени на Св. вмч. Георгиј, од што станува јасно дека овој празник е посветен на Георгиј Победоносец, а не на некој друг светител со истото име.

Преподобен Алимпиј Столпник

Именден празнуваат: Алимпие…

Се прославил со трпение, пост и чуда. Роден е во Адрианопол во шестиот век, од благочестиви родители. Уште пред да се роди, мајка му имала видение дека нејзината рожба ќе се прослави. На сон видела дека држи јагне на чии рогови гореле две запалени свеќи. Кога останала вдовица своето дете му го доверила на воспитување на епископот Теодор, кој го вовел во верата и го учел на Светот писмо.

Одушевен од неговото знаење епископот го произвел во ѓакон, но младиот Алимпиј повеќе го сакал пустинскиот живот. Поради тоа откако добил согласност од мајка му имотот го раздал на сиромасите, го напуштил градот и се населил во пустина во една гробница од која сите бегале. Му се јавил ангел и го охрабрило да живее во тоа место. Над гробницата имало столб од камен со идол на него. Алимпиј идолот го заменил со крст. Посакал да оствари подвиг живеејќи на столб. Така на столбот се искачил кога имал триесет и две години и тука минал 53 години без да слезе од него.

Тука ги преживеал сите болести, но и елементарни непогоди. Последните 14 години ги минал во лежење бидејќи нозете му биле во рани од долгото стоење. Направил многу чуда поради што многу народ доаѓал на тоа порано омразено, а подоцна прославено место. Починал во 640 година на 120 години за време на владеењето на императорот Ираклиј.

Continue Reading

Претходно: Облачно во поголемиот дел од земјава, на истокот сончево
Следно: Притворено лице кое на социјалните мрежи се заканувало на обвинителка од ОЈО Прилеп

Поврзани вести

u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
станови зграда
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

Шеталиште 12/05/2026 12:04
agencija-za-film-696x522-1
  • Македонија

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии

Шеталиште 12/05/2026 09:49
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали u-16 1
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

12/05/2026 17:09
31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана policija-8 2
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

12/05/2026 12:07
18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

12/05/2026 12:07
21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар napad-noz-960x636-640x424 4
  • Прилеп инфо

21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

12/05/2026 12:05
Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори станови зграда 5
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

12/05/2026 12:04

Можеби сте пропуштиле

  • Некатегоризирано

словачка-=/*95+4ќч

Димитар Петковски 12/05/2026 17:26
u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
policija-8
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

Шеталиште 12/05/2026 12:07
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

Шеталиште 12/05/2026 12:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани