Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

“За Нас” – музичко првенче на Ања Мицевска

admin 29/12/2023 00:00
Screenshot_20231229_112539_Zoho-Mail

“За Нас“, музичкото првенче на младата Ања Мицевска од Битола, е вистинска оддаденост на младешката енергија и креативност.

На само 13 години, Ања со зрелост и професионализам го истражува светот на музиката, давајќи ни прекрасна урбана приказна за првата љубов, првиот занес и тие слатки копнежи кои се присутни во периодот на тинејџерските години. Чувствата кои го следат зачекорувањето во светот на возрасните, во нежен стил, се пренесени во текстот напишан од Ирена Мирчевска Љац и Јулиа Мицевска. Нивните зборови совршено ги доловуваат емоциите и предизвиците при преминот од детството кон возрасноста.
Музиката, компонирана од Горан Мицевски Кус, е динамичен прогресив хаус кој веднаш го освојува слушателот. Со својата заразна мелодија и ритам, оваа песна ветува да остане запаметена уште при првото слушање.
Ања, заедно со талентираниот тим од Анастасија Центар од Битола кој работеше на овој проект, создаде и видео запис за песната “За Нас“. Стефанија Милевска Враниќ стои зад кореографијата, сценариото и режијата, додавајќи дополнителна длабочина и визуелна привлечност на приказната. Нејзината работа со Ања на видео записот за “За Нас” е само уште еден пример за нејзината непоколеблива посветеност кон развојот на младите таленти и промоцијата на нивните дела на поголема сцена.и уште еднаш покажа дека е најголемиот поддржувач на млади таленти и уметници од Македонија.
Во видео записот покрај Ања учествува и танчерска група од Анастасија Центар: Матеја Стојчевска, Уна Димовска, Дејана Магденовска, Мартина Ристеска и Илина Мартиновска, чија улога во проектот го збогатуваат визуелниот и уметничкиот аспект на песната.

Особено внимание заслужува костимографијата, дело на Анастасија Зулевска, моден креатор од Битола. Нејзината креативност и способност да креира визуелни приказни кои ги дополнуваат музичките тонови е евидентна во секој детал од облеката на уметниците.
Владич Бошковски, задолжен за снимањето и монтажата на видео записот, донесе професионализам и уметничка прецизност во завршниот продукт.

Ања ја имаше својата промоција на песната “За Нас” на 27 декември 2024 година, за време на Новогодишниот концерт во Анастасија Центар. Овој настан беше совршена платформа за претставување на нејзиното првенче пред пошироката публика, давајќи и можност да го сподели својот музички талент.

“За Нас“ на Ања е достапна на нејзиниот YouTube канал, каде што може да се преслуша и да се види видео записот, како и на сите дигитални музички платформи. Оваа песна не само што е музички ужиток, туку и вистински светлосен зрак во светот на младите таленти, покажувајќи дека возраста не е пречка за креирање на нешто волшебно и инспиративно.

Continue Reading

Претходно: Денеска ги славиме овие светители
Следно: Приведен 36-годишен дилер во Битола баран со централна потерница за издржување казна затвор

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани