Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

За Нова Година ќе нема летови – се затвора небото на 3 денови поради штрајк

admin 15/12/2023 00:00
Aerodrom-skopje

Синдикатот на контролорите на летање утринава му испрати известување на директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди дека ќе стапи во штрајк од 31 декември, дента на дочекот на Новата година, до втори јануари, ако не ги повлече двата огласа за вработување што тајно ги распишал.

Според Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролорите на летање, менаџментот под раководство на директорот Фахрудин Хамиди го прекрши договорот постигнат пред министерот за транспорт Благој Бочварски, и на мала врата во претпразничната гужва, распишал огласи за вработување со несуштински профили.

ШТРАЈКОТ НА КОНТРОЛОРИТЕ НА ЛЕТАЊЕ СТАВЕН ВО МИРУВАЊЕ, СО БОЧВАРСКИ СЕ ДОГОВОРИЈА СИТЕ БАРАЊА ДА ИМ СЕ ИСПОЛНАТ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ
Во едниот од огласите се бара „деловен асистент“, а со другиот се реализира старата намера претходниот директор Миѓен Селмани пак да се вдоми во М-НАВ.

За ексдиректорот во М-НАВ Миѓен Селмани измислено е работно место „советник за човечки ресурси“, што повторно е кршење на договорот со кој се прекина генералниот штрајк што беше најавен за 12 октомври, кога Хамиди се обврза дека нема веќе да вдомува партиски кадри, пријатели и роднини на измислени, несуштински работни места. На преговорите Хамиди посебно вети дека Селмани нема да биде вработен.

Првиот оглас трае вкупно 10 дена, а според договорот на Синдикатот и Хамиди, треба најмалку 10 работни дена, а вкупно 2 недели. Со него се вработуваат 10 луѓе.

Другиот оглас на кој, според Синдикатот, треба да се пријави ексдиректорот Селмани, трае само 2 дена. Некој друг да не го види и да се пријави.

Министерот Бочварски кажа дека лично ќе се погрижи да се испочитува договорот меѓу Синдикатот на контролорите и менаџментот на М-НАВ, но и тој остана недоследен.

Continue Reading

Претходно: Специјалци уапсиле осомничени поради закани со бомби
Следно: Насекаде минусни температури, над нулата само во Дојран

Поврзани вести

sv-gerasim
  • Македонија

Денес се празнува Преподобен Герасим

Шеталиште 17/03/2026 09:37
avion-2
  • Македонија

Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје

Шеталиште 17/03/2026 09:15
venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Денес се празнува Преподобен Герасим sv-gerasim 1
  • Македонија

Денес се празнува Преподобен Герасим

17/03/2026 09:37
Грчките таксисти повторно на штрајк, не се задоволни од новиот закон Grcija-zname-tviter-1 2
  • Балкан

Грчките таксисти повторно на штрајк, не се задоволни од новиот закон

17/03/2026 09:32
Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје avion-2 3
  • Македонија

Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје

17/03/2026 09:15
Русија се враќа на Венера venera-planeta 4
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

16/03/2026 17:36
АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга AEK 5
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

16/03/2026 17:33

Можеби сте пропуштиле

sv-gerasim
  • Македонија

Денес се празнува Преподобен Герасим

Шеталиште 17/03/2026 09:37
Grcija-zname-tviter-1
  • Балкан

Грчките таксисти повторно на штрајк, не се задоволни од новиот закон

Шеталиште 17/03/2026 09:32
avion-2
  • Македонија

Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје

Шеталиште 17/03/2026 09:15
venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани