Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани

За првпат во Прилеп фестивал на рана музика

Шеталиште 16/10/2025 12:59
karolina

Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп денеска и утре за првпат го организира фестивалот на рана музика „Дулчија сонант“.

Фестивалот започнува денеска, од 20 часот, во киното „Мис Стон“, со концерт на хорска црковна музика. Ќе настапат црковниот клирос „Пелагонитиса“ и црковниот хор „Света Петка“. Во првиот дел од концертот ќе има источно црковно пеење, а во вториот дел сакрална полифонија.

На 17 октомври, од 20 часот, во киното „Мис Стон“ е концертот „Средновековни еха“, кој претставува ретка можност за слушање на делата од „Кодекс каликстинус“, „Кодекс лас хуелглас“ и „Либре вермел де монсерат“, кои потекнуваат од шпанската музичка традиција и ја одразуваат културната и религиозната историја на Шпанија, како и шарена палета од средновековна музика, вклучувајќи композиции од Франческо Ландини и музика на трубадурите од Окситанија.

За првпат во Македонија ќе се слушне звукот на музичкиот инструмент портативна оргулa (organetto) од 14-15 век во рацете на истакнатата шпанска уметница Кристина Алис Раурик. Наедно како вокал ќе настапи и Ана Митоска.

Кристина Алис Раурик е афирмирана интерпретаторка, истражувачка и педагог од Шпанија, специјализирана за средновековни клавишни инструменти како портативна оргула (органето), клавицимбалум, клавицитериум и средновековни оргули.

Во 2014 година, ја изработува првата светска реконструкција на портативна оргула од 13 век, заедно со истражувачот Валтер Чинаља. Како солистка и член на ансамбли како „Магистер петрус“, „Ветера“, „Ла дуче сембланс“, „Сонус хиспаниае“ и „Донафугата“, настапувала низ Европа и Северна Америка, снимајќи за радио и телевизија. Кристина е и педагог: професорка е на Центарот за средновековна музика во Монпелје, Франција, и асистент-директорка на курсот за средновековна музика во Бесалу, Каталонија.

Нејзините настапи се познати по емоционалната длабочина и историската веродостојност, пренесувајќи ја публиката во музичкиот свет на средниот век.

Ана Митоска е македонски сопран со богато искуство како солист и во работа со ансамбли. Нејзиниот репертоар ги вклучува средновековната, ренесансната и барокната музика, музиката на современи композитори, како и изведби на композиции за театар и филм и традиционална музика.

Настапувала на голем број фестивали и во театарски продукции, соработувајќи со меѓународни и домашни музички ансамбли и пијанисти.

Фестивалот „Дулчија сонант“, кој е поддржан од Министерството за култура и туризам, отвора ново поглавје во музичкиот живот на Прилеп и Македонија – патување низ вековите, од мистичните византиски напеви до раскошниот звучен израз на раната ренесанса пренесува Нова Македонија.

Continue Reading

Претходно: Во Прилеп ќе гласаат 297 болни лица
Следно: Фото: Традиционален есенски панаѓур по повод Светскиот ден на храната во ОУ “Кире Гавриолоски” – Прилеп

Поврзани вести

4B2B1E29-D95F-4EA3-A815-0138B7E7DF96
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Бродвеј пристигнува во Битола: „The Music Man Jr.“ на 5 јуни во Центарот за култура

Шеталиште 02/06/2026 13:57
mtf-poster-datumi-1-1
  • Настани
  • Театар

Онлајн продажба на билетите за МТФ „Чернодрински“ од 28 мај, физичка – од 1 јуни

Шеталиште 27/05/2026 11:13
pece-atanasovski
  • Настани

Почнува 52-то издание на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп и Долнени

Шеталиште 22/05/2026 11:15
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани