Машката кадетска репрезентација на Македонија по трите порази во групната фаза, денес ја совладаа селекцијата на Турција со 29-27 во групата 1.
Второто коло од разигрувачката група за пласман на Европското првенство во Белград, донесе проблеми во првиот дел за избраниците на Горан Кузмановски. Првиот егал на мечот дојде во 18 минута, кога нашите ракометари израмнија на 10-10, и на полувремето Турција замина со два гола разлика 15-13.
Во вториот дел нашите ракометари влегоа во добра серија и успеаа да дојдат до највисоко водство со 26-20, сепак на крајот на семафорот стоеше 29-27 за младата кадетска репрезентција.
Најдобри во македонскиот колектив беа голманот Ѓорѓи Николовски кој собра 14 одбрани на своето конто, Бобан Поповски со 9 голови и Горазд Дамчевски кој постигна 7, кај Турција Кочедемир и Карабичак постигнаа по пет голови.

