НАЈНОВО

Македонија

Зголемен број заболени од Ковид-19, надлежните со апел да се почитуваат препораките

Во државава е евидентиран раст на заболени од Ковид-19, а надлежните апелираат да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести.

Од 12 до 18 август регистриран е 271 нов случај на коронавирус, според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), што претставува зголемување од 60.4 отсто во однос на претходната недела.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА рече дека засега, состојбата со Ковид-19 не е алармантна кај нас и нема простор за паника кај граѓаните.

Поврзани новости