Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

Здравко Стојмиров со награда за најдобар актер на 21-то издание на Фестивалот на монодрама во Албанија

Шеталиште 01/07/2025 18:34
IMG_2247

На 21-то издание на Меѓународниот фестивал на монодрама „АЛБА МОНО“ кое оваа година се одржуваше од 23-ти до 30-ти јуни во Поградец, Албанија, актерот Здравко Стојмиров ја освои наградата за најдобар актер.

Стојмиров ја изведе претставата Фетишист, по Мишел Турние, во негова режија, а во продукција на Битолскиот народен театар.

Интернационалното жири беше составено од Азура Де Грегорио, Ана Мариани и Клајди Малелари.

За најдобра актерка  беше прогласена Данијела Поповиќ – „Театар 86“ Њујорк – САД, најдобар режисер – Димитрис Карацијас – Vault Theatre Plus, Атина – Грција.

ГРАН ПРИ доби претставата „Димитер Оргочка“ – Проект на Палина Дабраволскаја, Белорусија/Полска.

Претставата Фетишист има за цел да ни ја претстави извртената реалност на еден живот што бивајќи свртен наопаку, поради тешките услови од војните од минатото, личните неуспешни борби, притисокот од општествените вредности и наметнатата реалност – ни ја прикажува единствената можност за постоење на еден човек, кој иако изгубен во реалноста, одлично живее во својот замислен свет и успева да најде задоволство во живеењето, каде самиот се обидува да ја создаде својата среќа и покрај сите непријатности кои го следат.

Ова е апсурдна приказна за еден, не баш обичен човек кој се обидува да се справи со сите предизвици низ неговиот – не така прост и едноставен живот, полн со мрачни нагони и неочекувани задоволства и ни ја прикажува неговата немоќ пред таканаречената судбина, како нешто кое не секој го поседува и потешкотиите во животот на оние кои ја поседуваат.

Овој трагикомичен лик кој уште од почеток е осуден на неуспех, не води низ неговата длабока фантазија, за која може да се каже дека би создала еден прекрасен живот, доколку самата судбина не би била замешана во него како една конечна и непроменлива константа во сите можни варијанти на постоење.

Музиката за претставата ја направи Пеце Трајковски Брада.

Оваа претстава беше изведена на јубилејното 25-то  издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

IMG_2250
IMG_2255
IMG_2256

Continue Reading

Претходно: Кенет Брана меѓу ѕвездите на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“
Следно: Топлиот бран од Шпанија доаѓа во Македонија – Ни доаѓаат 42 степени

Поврзани вести

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани