Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција

Шеталиште 20/06/2026 08:29
Zelenski-Reuters

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Белорусија за помагање на руските напади со беспилотни летала врз Украина и го предупреди Минск дека има рок од една недела да ја отстрани комуникациската опрема за која Киев тврди дека помага во водењето на нападите од белоруска територија. Во спротивно, Украина ќе преземе акција против Белорусија.

Зборувајќи на заедничка прес-конференција во Киев со претседателот на Хондурас Насри Асфур, Зеленски го критикуваше белорускиот претседател Александар Лукашенко дека и покрај неговите постојани тврдења оти Минск не сака да биде вовлечен во војна, сè уште ја помага воената кампања на Русија.

– Кога Лукашенко вели дека не сака да учествува во војна, треба да биде искрен, барем со својот народ. Не само што тој може да биде вовлечен во војна, туку целата негова земја може да биде вовлечена во неа поради Русија, рече Зеленски.

Украинскиот претседател смета дека Русија ја користи белоруската територија уште од првите денови од инвазијата врз Украина и дека од Белорусија се лансираат ракети кон цели во Украина.

– Една недела е повеќе од доволно време белоруските власти да ја отстранат спорната опрема. Нашите цивили умираат секој ден поради ова. Ако тој не го стори тоа, ние ќе го сториме, предупреди Зеленски.

Изјавите претставуваат едно од најстрогите јавни предупредувања што Киев ги упати до Минск од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Порано оваа недела, Зеленски рече дека Русија сè уште бара начини да ја вовлече Белорусија подлабоко во конфликтот, потенцијално како дел од поширока стратегија за притисок врз источниот крило на НАТО.

Лукашенко во вторникот изјави дека Белорусија не претставува воена закана за Украина и му се извини на Зеленски за претходните остри забелешки. Тој рече дека неговите зборови се одговор на она што го опиша како закани од Украина, вклучително и тврдења дека Киев идентификувал стотици потенцијални цели во Белорусија и знаел каде е тој.

– Доколку Володимир бил навреден од тие зборови, му се извинувам за тие зборови, нагласи Лукашенко.

Извор: МИА

Фото: Ројтерс

Continue Reading

Претходно: Спектакуларно отворање на БИТ ФЕСТ со мјузиклот „Као какао“
Следно: Саботно „корзо“ на битолчани (20.06.2026)

Поврзани вести

IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет IMG_5270 1
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

16/07/2026 16:12
„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски! Screenshot 2026-07-16 164959 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

16/07/2026 14:52
Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион czarina-696x696 3
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

16/07/2026 11:20
250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила SUP-board 4
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

16/07/2026 11:19
Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269 5
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

16/07/2026 08:35

Можеби сте пропуштиле

IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20
SUP-board
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

Шеталиште 16/07/2026 11:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани