Состојки:
- 2 тиквички
- 2 моркови
- 1 црвена пиперка
- 1 брокула (помала)
- 200 г сирење (фета или бело)
- 2 јајца
- 150 мл јогурт или кисела павлака
- Малку маслиново масло
- Сол, бибер, оригано
Подготовка:
- Исечи го зеленчукот на парчиња и кратко обари го брокулата (3 минути).
- Во тава со малку масло пропржи тиквички, моркови и пиперка додека омекнат.
- Нареди го зеленчукот во плех, додај парчиња сирење одозгора.
- Измешај јајца со јогурт/павлака и прелиј врз зеленчукот.
- Зачини со сол, бибер и оригано.
- Печи на 200°C околу 25 минути, додека да зарумени.
Совети:
- Одлично оди со свежа салата или парче леб.
- Можеш да додадеш и малку рендан кашкавал за уште посочен вкус.
ФОТО:www.funfoodfrolic.com/

