Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан

Земјоделците од цела Грција денеска со блокади на центарот на Атина

Шеталиште 13/02/2026 07:08
07253013-02-2026atinatraktorimia

Од различни делови на Грција, со траекти, автобуси, автомобили, но и со трактори, грчките земјоделци попладнево ќе пристигнат во Атина за да одржат протест на плоштадот Синтагма пред Парламентот, каде што, според најавите, се очекува да преноќат и утре да си заминат, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестот е закажан за 16 часот по локално време, а земјоделците добија поддршка од Синдикатот на вработените во приватниот сектор, од опозициските СИРИЗА, Нова левица и Комунистичката партија, кои упатија повик за учество во собирот.

Според неофицијални информации, околу 130 земјоделци од Крит, доцна синоќа со траект тргнаа кон Атина, од континентална Грција се очекува да стигнат со автобуси, додека пак од местата што се во близина над 50 трактори со камиони ќе бидат пренесени до патарините пред влезот во грчката метропола, од каде што организирано ќе се упатат кон плоштадот Синтагма.

Најавите се дека тракторите во текот на ноќта ќе останат паркирани пред грчкиот Парламент и ќе си заминат утре претпладне.

Одлуката за протест во Атина беше донесена на состанокот одржан минатата седмица.

Земјоделците, кои вкупно 55 дена во декември и јануари, беа на патиштата и граничните премини со поставени блокади, а минатиот месец се сретнаа со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку протестот сакаат уште еднаш да ги истакнат нивните барања, за кои сметаат дека не се решени.

Сличен протест земјоделците одржаа и лани кон крајот на февруари кога со над 150 трактори пристигнаа во Атина, во текот на ноќта останаа пред Парламентот и си заминаа следниот ден.

 

 

 

 

 

 

Извор/фото МИА

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (13.02.2026)
Следно: „Ги запознаваме ретките болести“: Конгенитална адренална хиперплазија

Поврзани вести

bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
20260909172901_big_730x400_48
  • Балкан

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис

Шеталиште 10/09/2026 07:03
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 1
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 4
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 5
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19

Можеби сте пропуштиле

large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани