НАЈНОВО

Македонија

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Албанија утрово околу три часот по локално време ја погоди земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на 37 километри од Драч. Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 6.100 метри.

Бил почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија.

Поврзани новости