ВестиМакедонија

Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван и во Македонија

Албанија синоќа ја погоди земјотрес, а потресот бил почувствуван во градовите Елбасан и Либражд и во околните места, објави „Репортери“.

Според податоците на Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, додека епицентарот бил на два километри југозападно од Либражде.

Нема информации за материјална штета.

Со оглед на близината, земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на Македонија, поточно на територија на Дебар, Охрид и Кичево.

Поврзани новости