Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска а погоди југозападната романска област Горц. Националниот институт за истражување и развој на физика во Романија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри, на околу 290 километри северозападно од Букурешт.
Земјотресот е почувствуван и во Србија и Бугарија. По овој земјотрес почуствуван е и втор 20 минути подоцна со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.