Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Зимска Приказна – Битола го раскажа своето најубаво зимско поглавје

admin 08/01/2025 00:00
FB_IMG_1736322548478

Заврши „Зимска Приказна”, фестивал што во текот на изминатите 18 дена ја претвори Битола во центар на празничната магија и манифестацискиот туризам. Со повеќе од 150 настани, 400 часа програма и над 50.000 посетители, Битола блесна како град што знае да ги обедини традицијата, креативноста и заедништвото.

Од лизгалиштето на плоштадот Магнолија, што потсети на европските метрополи, до дисперзираната програма во Старата чаршија, „Зимска Приказна“ понуди содржини за сите вкусови и генерации. Возот „Мечо,“ украсените киосци околу Офицерски дом со гастрономски специјалитети, празничниот плоштад со редица вечерни концерти, парадата на моторџиите Дедо Мразовци, искачувањето на врвот Пелистер на првото изгрејсонце во Новата Година, беа само дел од мозаикот на емоции и радост.

Со оваа манифестација, градот не само што го слави празничниот дух, туку директно придонесува за локалниот економски развој. Угостителите, производителите на традиционални ракотворби, превозниците и сместувачките капацитети забележаа значителен пораст во прометот. Туристите од Грција и регионот, ја посетија Битола за да бидат дел од оваа магична приказна.

„Зимска Приказна“ е показател за тоа како една визија може да оживее преку поддршка на градот Битола и локалните компании. Анкетите покажаа дека најголем дел од битолчани барем еден ден биле дел од настаните, додека голем број гости изразија задоволство од програмата која ја истакна убавината на градот.

Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од граѓани и посетители, каде емоциите беа јасно видливи – насмевки, радост и празничен дух.

На крајот на оваа манифестација, „Зимска Приказна“ покажа дека Битола не е само град со богата историја, туку град со иднина, со капацитет да биде регионален лидер во културниот туризам.

Организаторот, Општина Битола со пораката
„Битола, твојата приказна продолжува”, го најави нејзиното продолжување за следните празници.

Continue Reading

Претходно: Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар, евакуирани 30 000 луѓе
Следно: Опасниот кинески вирус ХМПВ пристигна во Грција, заболен возрасен маж

Поврзани вести

granata
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

Шеталиште 07/10/2026 07:04
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 1
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 2
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 3
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03
Претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“ policija-bt-1 4
  • Македонија

Претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“

07/10/2026 07:01
Собранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата Zgrada-na-Sobranieto 5
  • Македонија

Собранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата

07/10/2026 06:59

Можеби сте пропуштиле

75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05
granata
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

Шеталиште 07/10/2026 07:04
429740_russia-putin_f
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

Шеталиште 07/10/2026 07:03

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани