Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Зимска Приказна – Битола го раскажа своето најубаво зимско поглавје

admin 08/01/2025 00:00
FB_IMG_1736322548478

Заврши „Зимска Приказна”, фестивал што во текот на изминатите 18 дена ја претвори Битола во центар на празничната магија и манифестацискиот туризам. Со повеќе од 150 настани, 400 часа програма и над 50.000 посетители, Битола блесна како град што знае да ги обедини традицијата, креативноста и заедништвото.

Од лизгалиштето на плоштадот Магнолија, што потсети на европските метрополи, до дисперзираната програма во Старата чаршија, „Зимска Приказна“ понуди содржини за сите вкусови и генерации. Возот „Мечо,“ украсените киосци околу Офицерски дом со гастрономски специјалитети, празничниот плоштад со редица вечерни концерти, парадата на моторџиите Дедо Мразовци, искачувањето на врвот Пелистер на првото изгрејсонце во Новата Година, беа само дел од мозаикот на емоции и радост.

Со оваа манифестација, градот не само што го слави празничниот дух, туку директно придонесува за локалниот економски развој. Угостителите, производителите на традиционални ракотворби, превозниците и сместувачките капацитети забележаа значителен пораст во прометот. Туристите од Грција и регионот, ја посетија Битола за да бидат дел од оваа магична приказна.

„Зимска Приказна“ е показател за тоа како една визија може да оживее преку поддршка на градот Битола и локалните компании. Анкетите покажаа дека најголем дел од битолчани барем еден ден биле дел од настаните, додека голем број гости изразија задоволство од програмата која ја истакна убавината на градот.

Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од граѓани и посетители, каде емоциите беа јасно видливи – насмевки, радост и празничен дух.

На крајот на оваа манифестација, „Зимска Приказна“ покажа дека Битола не е само град со богата историја, туку град со иднина, со капацитет да биде регионален лидер во културниот туризам.

Организаторот, Општина Битола со пораката
„Битола, твојата приказна продолжува”, го најави нејзиното продолжување за следните празници.

Continue Reading

Претходно: Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар, евакуирани 30 000 луѓе
Следно: Опасниот кинески вирус ХМПВ пристигна во Грција, заболен возрасен маж

Поврзани вести

VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче и СДСМ да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога

Шеталиште 15/02/2026 09:39
sdsm
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Кој дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално?

Шеталиште 15/02/2026 09:37
dozd
  • Вести
  • Македонија

Повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Шеталиште 15/02/2026 09:37
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија sobranie 1
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

16/02/2026 08:16
УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање reka 2
  • Македонија

УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање

16/02/2026 08:14
Променливо облачно, од утре заладување со нови пообилни врнежи од дожд и снег dozd-scaled 3
  • Македонија

Променливо облачно, од утре заладување со нови пообилни врнежи од дожд и снег

16/02/2026 08:02
До 15. март не тргнувајте на пат без зимска опрема во возилата 11112014111409_zimska-oprema 4
  • Македонија

До 15. март не тргнувајте на пат без зимска опрема во возилата

16/02/2026 08:00
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче и СДСМ да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога VMRO-DPMNE 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче и СДСМ да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога

15/02/2026 09:39

Можеби сте пропуштиле

sobranie
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

Шеталиште 16/02/2026 08:16
reka
  • Македонија

УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање

Шеталиште 16/02/2026 08:14
20260216083504_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хередитарна спастична параплегија/Стрампел-лореинова болест

Шеталиште 16/02/2026 08:11
dozd-scaled
  • Македонија

Променливо облачно, од утре заладување со нови пообилни врнежи од дожд и снег

Шеталиште 16/02/2026 08:02

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани