Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кино
  • Култура
  • Филм

Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 26/09/2026 13:02
825340263_1531420949011849_1669215645152924696_n

Битола уште еднаш покажа зошто е вечниот Град на светлината и уметноста, испраќајќи уште едно фестивалско издание во историјата на убав начин. Центарот за култура беше сведок на аудио-визуелен спектакл кој ги сруши границите помеѓу филмот, историјата и технологијата. На свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“, архитектурата на сцената буквално оживеа, трансформирајќи се во гигантско, пулсирачко виртуелно платно преку магичен 3D видео-мапинг кој ја остави публиката без здив.

Изминативе денови публиката во Битола имаше можност да гледа рекорден број филмови со висока естетска вредност.

Учесниците не штедеа зборови во пофалбите на сцената. Рекоа дека на фестивалот се чувствувале како едно големо семејство на кинематографери и се заблагодарија на целиот тим што им овозможиле да се чувствуваат како дома.

-Ви благодарам што сум повторно и годинава со вас на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Ова е магично место. Годинава имав можност да гледам многу филмови, за разлика од минатата година. Доаѓам од Холивуд каде се се врти околу парите и кога дојдов овде во Битола на вашиот фестивал видов уметност на големото платно и тоа ме воодушеви, рече оскаровецот Воли Фистер, кој годинава го предводи жирито во официјалната селекција за Камера 300 заедно со Семи Капланоглу, Давид Шамбиј и Наташа Петровиќ.

Златна камера 300 доби кинематограферот Лукаш Жал за филмот „Татковина“ на Павел Павликовски.

Сребрена камера 300 доби кинематограферот Жонгчијанг Лианг за „Непозната девојка“, а Бронзена камера 300 му припадна на Пол Спенгеман за филмот „До крајот на денот“.

Селекцијата ја направи Слаѓан Пенев, а од лауреатите во салата присуствуваше Жонгчијанг Лианг, додека Спенгеман и Жал се обратија со видео пораки.

-Ова е прв пат да учестувавам на „Браќа Манаки“ и прекрасно си поминав. Наградата ми значи многу и ќе им ја посветам на студентите во Белград кои сеуште се борат на улиците низ Србија рече Спенгеман и вети дека следната година повторно ќе дојде.

Лианг рече дека иако филмот доаѓа од Кина, сепак приказната е универзална и се заблагодари на целата екипа од филмот особено на сопругата која е режисер на филмот.

-Му благодарам на фестивалот „Браќа Манаки“ што изминативе седум дека имав неповторлива можност да се сретнам со мои идоли од светската кинематографија, да разговарам со нив и да се фотографирам, рече Лианг.

Наградата на Лукаш Жал му ја додели жирито поради не само спектакуларната кинематографија, туку и поради тоа што ја следи приказната. Тој во видео порака рече дека за жал поради работа на проект не е во можност да биде во Битола.

-Изненаден сум, почестен и жалам што не сум таму со вас. Му благодарам на жирито и на фестивалот, рече Жал.

На присутните на свеченото затворање им се обрати директорот на фестивалот Димитрија Доксевски кој рече дека во изминативе седум дена се случи љубов, почит, забава…гледавме филмови, ги учевме децата да го сакаат филмот, гледавме мастеркласови, работилници, огромен број кинематографери.

-Навистина сум многу горд и среќен сум што ова издание многумина од нас ќе го паметат цел живот. Имам многу идеи и мојот тим се потруди тоа да го реализира. Да живее „Браќа Манаки“ со многу љубов и многу почит, рече Доксевски заблагодарувајќи се на тимот и на публиката.

За наградата Кристална камера 300 за студентската камера селектирана од Ханис Багашов одлучуваа Ана Сари, Елеонора Венинова и Мајкл Чонг. Наградата ја доби кинематограферката Милда Јуодвалките за филмот „Зад ридот на Наполеоновата капа“ за „емоционалната интелигенција со која „нè воведува во приказната, водејќи нè низ спомените и сегашноста“

Јуодвалките се заблагодари со видео порака во која рече дека не ја очекувала и многу уживала во проекциите додека престојувала на фестивалот.

Селекцијата на кратките филмови направена од Марија Апчевска и Атанас Велковски ја оценуваше истото жири и Мала златна камера 300 му додели на Хулијан Амару Естрада за филмот „Никој не го познава светот“ за „креативна разновидност со која камерата ја доловува суровата природа на општествената реалност и автентично го прикажува еден тежок свет“.

-Ги гледав сите филмови од оваа селекција и таму имаше мнпгу што ја заслужуваат наградата, затоа ви благодарам, рече Хулијан Амару Естрада.

Документарната програма ја селектираше Кумјана Новакова одлучуваше жирито во состав Дани Салал, Ивана Хаџиевска и Лука Коасин.

Железна камера 300 ти им доделија на двајца добитници: Бенџамин Ечазарета за филмот „Кракатауа“ и Максим Катари за „Убавината на магарето“.

-Кинематограферот Максим Катари ја пронајде соодветната дистанца на својот поглед за да ја раскаже приказната, додека Прецизната кинематографија на Бенџамин Ечазарета ја врамува бесконечноста. Тој нè пренесува од површината до срцето на нашата планета. Патување навнатре, кон самите себе, рекоа од жирито.

Лауреатите се заблагодарија од сцената во Битола и изразија среќа и задоволство што се дел од фестивалот годинава.

Специјално признание доби и кинематограферот Ала Кеир за филмот „Ништо не се случува по твоето отсуство“, за „вклопувајќи ја пустината во формат на слика 1.33, со ограничена опрема и специфична мизансцена, снимателот Ала Кеир испраќа силна порака: филмот е сведок на реалноста на луѓето“.

Фотограф: Диоген Хаџи Коста Милевски

825340186_1531420425678568_8952012261563693990_n
825340198_1531421065678504_4323365843428077692_n
825340216_1531421042345173_3771383978853345381_n
825340291_1531421132345164_7665894528994626237_n
825340318_1531420609011883_6118806045242738958_n
825340335_1531421172345160_137248349286879341_n
825340388_1531420362345241_8721002313985511238_n
825340413_1531420649011879_183732369038185891_n
825340459_1531420492345228_8797261293464999453_n
825340575_1531421455678465_8000338451024753560_n
825340629_1531421122345165_7479297806909933826_n
825340668_1531421082345169_2689496914229530939_n
825340828_1531420529011891_2039285874114609168_n
827231270_1531421049011839_458930657604657228_n

Continue Reading

Претходно: Македонија – Швајцарија: Инфо магазин пред натпреварот
Следно: Во Прилеп пред бизнис секторот се претставени 20 иновации на млади

Поврзани вести

24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани