Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Шеталиште 19/10/2025 14:27
ZNM

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес, како што велат, е од суштинско значење за довербата во изборите.

До ЗНМ, како што се наведува во нивното соопштение, изутрината биле пријавени неколку случаи на попречување на работата на новинарските екипи.

Во Скопје, во општина Карпош, (ИМ 2626) имало обид за одземање на мобилниот телефон и непристоен однос од страна на заменик претседателот на комисијата кон новинарката Елида Зулбеари, по што имало интервенција од МВР, за што ќе побараме од ДИК да преземе санкции за службеникот.

Во Охрид (ИМ 1270) на екипа од јавниот сервис ѝ било оневозможен пристап во раните утрински часови со образложение дека, покрај новинарската легитимација, треба да поседува и „акредитација од ДИК“. По реакција на колегите и интервенција на лице место, пристапот беше овозможен и работата продолжи.

Во Тетово новинар бил попречен да земе изјава од страна на членови на избирачкиот одбор, со упатување на „недостиг на акредитација“.

ЗНМ апелира до ДИК и МВР итно да ги известат сите избирачки одбори и службени лица дека не е потребна акредитација од ДИК за новинарите, со цел да се избегнат нови недоразбирања во текот на денот.

-Ќе продолжиме да ги следиме случаите, да реагираме институционално и да информираме за исходите. Укажуваме дека за новинарите и медиумските работници во Македонија, освен новинарска легитимација од медиумот за кој новинарите известуваат, не е потребна посебна акредитација од ДИК за присуство и известување на избирачките места. Затоа, избирачките одбори, полициски службеници, набљудувачи и / или други чинители немаат основ да ја условуваат нивната работа со дополнителни дозволи. Истовремено, ЗНМ повикува на почитување на изборниот ред: новинарите имаат право да снимаат општ амбиент и изјави, без нарушување на тајноста на гласањето и без оневозможување на текот на постапката, наведуваат од Здружението.

Ги повикувааат избирачките одбори од сите изборни места да овозможат непречен влез на новинарските екипи со видлива новинарска легитимација; да дозволат снимање и изјави во просторот каде што тоа не се загрозува тајноста на гласањето; при недоразбирања, прво да побараат насоки од ОИК/ДИК, наместо да го ограничат пристапот.

-Ги охрабруваме и новинарите, фоторепортерите и снимателите: секогаш да ја носат новинарската легитимација и да се претстават доколку тоа е побарано; да ги почитуваат насоките на одборот, кога истите се однесуваат на тајноста на гласањето; при какво било попречување, веднаш да го евидентираат случајот (време, место, избирачко место, лица) и да се обратат до ЗНМ. За правна и практична помош, новинарите, снимателите и фоторепортерите можат да се обратат до регионалните координатори на ЗНМ во Штип, Струмица, Битола, Охрид, Тетово и Куманово, како и до контактите на ЗНМ во Скопје. ЗНМ останува на располагање за секоја поддршка која ќе овозможи професионално, безбедно и непречено известување од гласачките места, се додава во соопштението.

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: Матео Мекачи шеф на набљудувачката Мисија на ОДИХР: Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите
Следно: Шабани: Изборните органи да ги следат насоките од ДИК, македонските медиуми се идентификуваат само со беџ од својата новинарска куќа

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени 20260715093147 1
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

15/07/2026 07:57
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата image-255811 2
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

15/07/2026 07:48
Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна FotoJet-2026-07-14T152445.168 3
  • Македонија

Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна

15/07/2026 07:45
Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола voz6-696x408-1 4
  • Македонија

Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола

15/07/2026 07:41
Денеска топло време и високи температури до 39 степени zesko-sonce 5
  • Македонија

Денеска топло време и високи температури до 39 степени

15/07/2026 07:40

Можеби сте пропуштиле

20260715093147
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

Шеталиште 15/07/2026 07:57
image-255811
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

Шеталиште 15/07/2026 07:48
FotoJet-2026-07-14T152445.168
  • Македонија

Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна

Шеталиште 15/07/2026 07:45
horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (15.07.2026)

Шеталиште 15/07/2026 07:43

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани